Западна Сахара
Од Википедија, слободна енциклопедија
Западна Сахара е една од најслабо населените територии во светот и претежно се состои пустинска земја. Се наоѓа во Северозападна Африка и се граничи со Мароко на север, со Алжир на североисток, со Мавританија на исток и југ и со Атлантскиот Океан на запад. Главен град е Ел Ајун, во кој живее преку третина од населението на Западна Сахара.
Мароко и движењето за независност Полисарио се стремат да ја контролираат оваа територија. По примирјето од 1991 година главнината од територијата на Западна Сахара ја контролира Мароко, а Полисарио има контрола само на мал дел од територијата. Независноста на Западна Сахара е призната од страна на 45 држави, додека Мароко има добиено формална поддршка за својата позиција од 25 држави, во прв ред од државите членки на Арапската Лига.
Ова е недовршена статија за географијата на Африка. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Земји во Африка |
---|
Алжир | Ангола | Бенин | Боцвана | Брегот на Слоновата Коска | Буркина Фасо | Бурунди | Габон | Гамбија | Гана | Гвинеја | Гвинеја-Бисао | Египет | Екваторска Гвинеја | Еритреја | Етиопија | Замбија | Западна Сахара | Зелено’ртски острови | Зимбабве | Јужноафриканска република | Камерун | Кенија | Комори | Конго, Демократска република | Конго, Република | Лесото | Либерија | Либија | Мавританија | Маврициус | Мадагаскар | Малави | Мали | Мароко | Мозамбик | Намибија | Нигер | Нигерија | Руанда | Сао Томе и Пренсипе | Сејшели | Сенегал | Сиера Леоне | Сомалија | Судан | Свазиленд | Танзанија | Того | Тунис | Уганда | Централноафриканска република | Чад | Џибути |