Избори
Од Википедија, слободна енциклопедија
Серијал за Политика: |
---|
|
Подсерии од Политика |
|
Изборите се процес на донесување одлуки при кој граѓаните гласаат за кандидатот или политичката партија кој го преферираат како свој претставник во претставничкото тело. Во современите демократски системи изборите го претставуваат механизмот преку кој се пополнуваат мандатите во законодавните тела, а понекогаш и во извршните и судските органи. Покрај на државно ниво, избори се спроведуваат и во многу граѓански организации.