Изотоп
Од Википедија, слободна енциклопедија
Изотопи се облици на хемиски елемент чии атоми имаат ист атомски број, Z, но различни атомски маси, A. Зборот изотоп, значи на исто место, доаѓа од фактот дека сите изотопи на еден елемент се сместени на истото место во периодниот систем.
Атомскиот број се однесува на бројот на протони во атомот. Од тука, изотопи на одреден елемент имаат ист број на протони. Разликата во атомските маси произлегува од разликата во бројот на неутрони во атомското јадро.