Исак Асимов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Исак Асимов, (ру: Айзек Азимов, ен: Isaac Asimov) (2 јануари 1920. - 6 април 1992.) бил американски писател на научна фантастика и био-хемичар со руско потекло. Роден е во Петрович во Смоленската област, СССР. Со родителите емигрирал во САД на 3 години. Дипломирал хемија на универзитетот Колумбија во 1939 година, а докторирал во 1948.
Умрел од Сида бидејќи во 1983 година бил заразен со ХИВ вирус преку трансфузија за време на операција на срце. Тој факт бил објавен дури 10 години по неговата смрт.
Асимов бил долгогодишен член на Менса. Астероидот 5020 Асимов бил крстен во негова чест.
Познати се и неговите Три закони на роботиката:
- I закон - Робот не смее да повреди човек, ниту да неделува со што би дозволил да се повреди човек.
- II закон - Робот мора да ги следи наредбиде кои ги добива од луѓето, со исклучок на оние кои го прекршуваат првиот закон.
- III закон - Робот мора да ја штити сопствената егзистенција, со исклучок на случаи кои се спротиставуваат на I и II закон.
[уреди] Надворешни врски
- asimovonline.com — Официјален веб-сајт
- asimovonline.com — Каталог на издадени книги