Кинеско писмо
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кинеско писмо кај разни јазици | |
---|---|
Кинески | |
Традиционален кинески | 漢字 |
Упростен кинески | 汉字 |
Пинјин (мандарински) | ханџи |
Џјутпинг (кантонски) | hon3 zi6 |
Корејски | |
Ханџа | 漢字 |
Хагул | 한자 |
Преработена романизација: | Hanja |
МекКун-Рајшауер | Hancha |
Јапонски | |
Канџи | 漢字 |
Романџи | Kanji |
Виетнамски | |
Hán Tự/Chữ Nho | 漢字 |
Quốc Ngữ (национално писмо) | Hán Tự |
Кинеското писмо се состои од знаци („знак“ - традиционално кинески: 漢字; упростено кинески: 汉字; пинјин: hànzì) кои се логограми за пишување кинески, јапонски, корејски, и (порано) виетнамски. Неговите можни предходници се појавиле пред 8000 години, додека целосно писмо било развиено пред 3500 години во Кина. Ова е веројатно најстаротто писмо во историјата на човештвото.
Наспроти генералното мислење, само 4% од кинеските знаци се пиктограми (象形字); останатите 95% се логички агрегати (會意字) и пиктофонетици (形聲字), знаци составени од два дела — еден ел го означува значењето, а другиот звучноста. Зборовите често се состојат од два или повеќе знака. Бројот на кинеските знаци во рамките на Кангкси речникот изнесува близу 47,035, иако голем дел од овие се ретко употребувани варијанти насобрани низ историјата. Во Кина, за писмен се смета оној кој познава 2000 знаци. [1]
Во кинеската традиција, еден знак соодветствува на еден слог, но изговорот варира по дијалект. Лабавата врска помеѓу фонетиката и знаците има овозможено користење на писмото кај разни јазичнии семејства.
Фактичкиот облик на знаците варира од јазик до јазик. Континентална Кина има воведено упростени знаци во 1956, но традиционалните знаци сеуште се користат во Тајван и Хонг Конг. Јапонија има свои упростени знаци уште од 1946, додека Кореја ја ума ограничено употребата на кинески знаци, а Виетнам го има отфрлено писмото и има воведено романизирана азбука.
Кинеските знаци поформално се нарекуваат и синографи, а системот синографија. Јазиците кои имаат преземено синографија - и со ортографијата голем број на преземени зборови од кинескиот - се нарекуваат синоксеници без разлика дали моментано ја користат таа отрографија. Изразот не подразбира било каква генетска поврзаност со кинескиот. За главни синоксеници се сметаат јапонскиот, корејскиот и виетнамскиот.
![]() |
Оваа страница содржи кинески текст. Без соодветна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати, или други симболи, наместо кинески знаци. |
Содржина |
[уреди] Историја

Според една легенда, кинеското писмо било измислено од Кангџие (ц. 2650 п.н.е.), бирократ при легендарниот цар Хуангди. Легендата кажува дека кога тој бил на лов на планината Јангксу (денешна Шанкси), видел желка чии вени му го одземале вниманието. Инспириран од можноста за логичка релација помеѓу вените, тој почнал да ги изучува животните, терените, и ѕвездите, и измислил симболички систем наречензи (字) -- кинески знаци. Според преданијата, дента кога кинеското писмо било измислено луѓето го чуле ѓаволот како оплакува, и виделе како житарки паѓаат од небото, бидејќи ова го означувало почетокот на цивилизацијата, за добро или зло.
Современите археолошки наоди укажуваат на порани, неолитски корени на кинеските знаци. Најраните наоди на пишани зборови се најдени во Џиаху (賈湖), неолитско наоѓалиште во басенот на жолтата река во провинцијата [[Хенан], и датираат од ц. 6500 п.н.е. [2]. Не се знае дали овие знаци биле дел од систем на пишување, но утврдено е дека имаат сличности со знаците утврдени како раното кинеско писмо. Затоа се шпекулира дека овие записи се предците на кинеското писмо.
Артефакти со натписи од Давенкоу-културата (大汶口) најдени се и во грофовијата Џухсијан, Шандонг, и датират од ц. 2800 п.н.е. [3]. Во наоѓалиштето Ченцијаи (城子崖) во населеното место Лонгшан во Шандонг најдени се и фрагменти од коски со впишани букви кои се користеле за предвидувања. кои датираат од 2500 - 1900 п.н.е., а во Динггонг се најдени и симболи на грнци за кои некои сметаат дека се рана форма на писмо. Слични симболи на фрагменти од грниња од Лиангжу-културата (良渚) најдени се и во долниот дел на долината на реката Јангце.
Иако најдените симболи изгледа дека се индивидуални, и затоа неоожеме да ги сметаме за писмо, коскените написи (2500 - 1900 п.н.е.) за предивување на иднината од доцната фаза на неолитската Лонгшан (龍山) култура (ц. 3200 - 1900 п.н.е.) се сметаат (од некои) за рана форма на писмо, слична на најраните записи од Месопотамија и Египет. Псоти можност дека овие записи се предци на коскеното писмо од времето на династијата Шанг и овие се сметаат за претходници на писмото од Елтитоу-културата и подоцна, писмата од династиите Шанг и Жоу.
Најраните написи за кои неоспорно претставуваат писмо се знаците од коскеното писмо (甲骨文 џиагувен, букв. „писмо на оклопна коска“), кое било добро развиено писмо за време на династијата Шанг (или Јин (殷)), за кое се знае дека постоело од 1600 п.н.е. (од Женгжоу) и 1300 п.н.е. (од Анјанг), заедно со многу малку логографи најдени на грниња и бронзени садоови, познати како бронзено писмо, кои е многу слично, но покомплексно и сликовито од коскеното писмо. Само околу 1,400 од 2,500-те пронајдени коскени логографи можат да се поистоветат со подоцнежни кинески симболи. Треба да се спомене дека овие 1,400 логографи се најчесто употребуваните.
[уреди] Пишани стилови
Најраните кинески знаци ги наоѓаме во коскеното писмо од доцниот период на династијата Шанг и во бронзените писма (金文 џинвен) на синатиите Шанг и Жоу. Овие писма не се употребуваат, туку се изучуваат чисто од академски побуди.
Првото писмо кое и денес се користи, но ограничено, е 篆書, 篆书 жуаншу („печатно писмо“). Тоа има органски еволуирано од бронзеното писмо од династијата Жоу, и било прифатено во стандардизиран облик од првиот кинески цар, Чин Ши Хуанг. Печатното писмо, како што самото име кажува, денес се користи само кај уметничките пачати. Денес малкумина знаат да го читаат без проблем, но уметноста на резбање на знаците и денес постои во Кина и Јапонија; некои калиграфи работат во овојс стил.
Писмата кои и денес редовно се користат се „кацелариско писмо“ (隸書, 隶书 лишу) од времето помеѓу династиите Чин и Хан, споменичкиото писмо Веи (魏碑 веибеи, видете Веибеи), „регуларното писмо“ (楷書, 楷书 каишу) за печатење, како и „полуракописното писмо“ (行書, 行书 хсингшу), во употреба како ракописно писмо.
Ракописниото (草書, 草书 каошу, буквално „тревно писмо“) не е во општа употреба, туку се користи чисто уметнички и калиграфски. Тука се дадени основните облици на знаците, но истите не се конкретизирани и скратувањата се екстремни. Овие ракоспини знаци не самошто се упростени, туку и стилизирани до точка на непрепознатилвост за тој што не ги знае. Многу од упростените кинески знаци доаѓаат од ова упростено курзивно бликување на традиционалното писмо.
Како што латиницата има заоблени ракописни букви кои одат горе-долу од линијата, кинеските знаци заземаат помалку или повеќе квадратен простор. Знаците се сочинети од повече делови, при чија комбинација тие се збиваат — ова е случај особено со знаците пишани во Сонгти стил. Заради ова, почетниците вежбаат во квадратно шпартана хартија.
[уреди] Обликување на знаците
Главни статии: Класификација на кинеските знаци и радикал
Во раното доба на кинеското писмо предоминирале пиктограми, кај кои можело веднап да се воочи зналењето на облиците на знаците. Со еволуцијата на знаците - потребата за претставување на аптрактни концепти и полесно пишување - со себе донела и поконцептуални знаци.
Околу 100 н.е., линвистот Хсу Шен ги подредил сите кинески знаци во шест категории, имено лиушу' (六書), во неговиот речник на етимологија наречен Шуовен Џиеци (說文解字). Иако овие знаци се можеби недоследни на карактерот на кинеското писмо, ова дело нашла широка употреба многу долго време. [4]
1. Пиктограм (象形字 Хсиангхсингци)
Наспроти генералното мислење, само мал дел од кинеските знаци се пиктограми, кои го рефлектираат обликот на предметот кој го опишуваат. Овие знаци се имаат упростено по еволутивен пат, за полесно пипшување.
Примери се 日 (ри) - „сонце“, 月 (јуе) - „месечина“, 木 (му) „шума“. Не постои конкретен податок за бројот на пиктограми во денепното писмо, но пред 2000 години Хсу Шен ове се 4% од вкупниот број на знаци.
2. Идеограф (指事字, Жишици)
Наречен и прост индикатив, проста идеографија или идеограм, ова е знак кој додава индикатор на пиктограмот за промена на значењето. На пример, додека 刀 (дао) е пикотграм за „нож“, со поставување на индикатор 刃 (рен), ова дава идеограм за „острица“. Други чести примери се 上 (шнаг) за „горе“ и 下 (хсиа) за „долу“. Бројот на знаците цо оцаа категорија е мал, бидејќи највеќето концепти можат да се претстават со знаци од други категории.
3. Логички агрегати (會意字, Хуијици)
Преведени и како асоцијативни сложенки, овие симболизираат апстрактни концепти со пиктограми. На пример, додека 木 (му) е пиктограф за дрво, два 木 заедно дочинуваат 林 (лин), идеограм за „шума“. Combining 日 (ri) sun and 月 (yue) light makes 明 (ming) bright which reflects the sunlight and moonlight up the sky. Xu Shen estimated that 13% of characters fall into this category.
4. Пиктофонетски сложенки (形聲字, Хсингшенгци)
Наречени семантичко-фонетски сложенки, или фоно-семантички сложенки, овие се најголемата група на знаци во денешниот кинески јазик, кои врзуваат прост пиктограф со фонетици за образување на нови значења.
Примери се 河 (хе) река, 湖 (ху) езеро, 流 (лиу) поток, 沖 (чонг) riptide, 滑 (хуа) лизгаво. Сите овие знаци започнуваат со радикал од три точки, упростен пиктограф на капки. Другата страна е фонетски индикатор, главно хомофон или зблизу хомофон чиј изговор е сличен на оној кај првибитното значење.
Во 100 н.е., Хсу Шн категоризирал до 82% од знаците во оваа категорија, но по 2000 години овие сочинуваат 90%. Пиктофонетиците ридонеле кон зголемување на зборовниот фонд на јазикот со голема брзина, но како што јазикот продолжил да еволуира, највеќето фонетици во пиктофонетските сложенки се изгубиле, и затоа нивниот состав е често произволен.
Тешко е да се поврзат овие знаци со релевантни предмети. На приемр, радикалот 貓 (мао) мачка е 豸(жи), пиктограф за црви; радикалот 气 (чи) воздух исто така се користи за образување на знакот 氧 (јанг) кислород и 氨 (ан) амонијак.
5. Позајмување (假借字, Џиаџиеци)
Наречени и фонетски позајмени знаци, постоеле и пред тоа, но се позајмени за употреба со друго значење. Ова се случува кога еден концепт ќе се измисли усно, но нема знаци за да се напише. Понекогаш новот значење заменува некое пред него. 自 (ци) бил знакот за нос, но денес истиот се однесува само на поимот себе. Старото значење на 萬 (ван) било пајак, но подоцна сосем се сменило во значењето десет илјади.
Како што расте бројот на знаците, лингвистите не сакаат да прават нови знаци врз овој принцип бидејќи тој ја игнорира логистиката за создавање на нови знаци. Меѓутоа, потребата за пишување во дијалекти, особено Кантонскиот и Тајваннскиот во Хонг Конг и Тајван го има доста порширено бројот на овие знаци.
6. Придружна трансформација (轉注字, Жуанжуци)
Овие знаци првобитно значеле исто, но се поматиле преку правописните и семантичките текови. На пример, 考 (као) потврди и 老 (лао) стар биле некогаш еден ист зна што значел „постаро лице“, но подоцна се разделил на два засебни разбора. Заради ретко ста на знаците од оваа категорија, асоцијацијата и трансформацијата се обдегнува или се комбинира со други современи знаци.
[уреди] Правопис
Кинеските знаци заземаат исто место заради нивниот квадратен блок-карактер. Еден од најдобрите начини за добар старт за поченици е вежбање во тетратка со квадрати, наменета за стандарди вежби во училиштата за нормално пишување и калиграфија. Покрај строгоста на зафатнината, кинеските знаци се пишуваат според мошне строги и прецизни правила. Трите најважни правила се потезите во употреба, нивното позиционирање и редот по кој се пишуваат (потезен ред). Нјавеќето зборови можат да се напишат само само еден поезен ред, иако некои други имаат варијатни, што може да резултира во поинакви броења. На поголемо, кинескиот текст традиционално се пишува од горе надолу па од десно на лево, но денес многу почесто се гледа европската ориентација. Речиси сета интерпункција била исто така позајмена од Западот, но има некои исклучоци: на пример, имињата на книгите се пишуваат со брановидни црти од десно во вертикален текст, или затворени во посебни двошилести загради во хоризонтален текст.
Чести грешки во пишувањето на кинеските знаци се грешен правец на потезите, грешен потезен ред, грешна должина и место на потезите ралативно на другите потези, како и тежините дадени на разните делови од потезот. Секоја грешка е јасно видлива за писмениот човек, и затоа ова се смета за срамота видејќи е знак на неписменост. Во култура каде ученоста е највисоката доблест, ваквите епитети се многу непожелни.
Употребата на упростени наспроти традиционални знаци прилично варира, и зависи од локалниот обичај и медиумот. НР Кина официјално го употребува упростениот систем, додека Хонг Конг, Макао и Тајван ги имаат задржано традиционалните. Покрај ова, постои и посебен систем за пишување на бројки во финасиски контекст; овие се модификации и адаптации на оригиналните прости бројки, намерно усложнети за спречување на фалсификувања и неавторизирани менувања.
[уреди] Реформи: Упростување
- Главни статии: Упростено кинеско писмо, Шинџитаи
Упростувањето на писмото се случило во времето на НР Кина, иако ова јасно се заснова на претходни трендови и веќе вкоренети практики.
[уреди] Бројот на кинеските знаци
Бројот на кинеските знаци сеуште е предмет на дебата. Стандардниот речник Кангхси вели дека стандарниот јазик има 40,000 знаци, додека современиот Жонгхуа Цихаи нѝ дава повеќе од 80,000. Ова се должи на сите знаци во употреба кај дијалектите, како и големиот број на варијанти на пишување на зборови (многу од кои биле вон употреба дури и во Класичниот кинески). Меѓутоа треба да се спомене дека не постојат два знака кои се конткстуално идентични.
Огромниот број на кинеските знаце се должи на нивниот логографски карактер — за секоја морефема е потребен глиф, а за истата морфема понекогаш се развивале и варијантни знаци. Покрај ова, во столетијата по стандардизацијата на кинеското писмо од страна на царот Чин Ши Хуанг до жуаншу, литератите го умножиле вкупниот корпус на знаци со модификација на постоелки знаци а ла хсингшенгци (形聲字) методот—со преиначување на радикал од еден хомонимен знак за добивање на посебен глиф за нови зборови или зборови кои дотогаш биле хомографи. Исто така се вели дека толкавиот број на знаци се користи и за да се поделат академците од обичниот народ.
[уреди] Кинески
Обино се вели дека човек е писмен ако знае да чита 2,000 знака (за да лита весник, да речеме), а добро образованата личност треба да знае над 4,000 до 5,000 знака. Се разбира, треба да се напомене дека познавањето на секој знак не е нужно, бидејќи највеќето зборови, за разлика од нивните Древни и Средни предци, се биморфемски сложенки, т.е. сочинети од два обични чести знака.
Покрај ова постои и голем корпус од дијалкетички знаци, кои не се користат во формалноото пишување, но за разните локални колоквијализми. Таков е пишаниот кантонски во употреба во Хонг Конф. Во Тајван пак, постои друг неформален корпус на знаци за дијалектот Мин Нан.
[уреди] Најчести знаци
Ова се петстотина (500) најчесто употребувани кинески знаци. Според истражувањата, овие 500 знаци претставуваат 72.1% од знаците кои се употребуваат во класичните и современите текстови.
的 一 不 是 了 人 在 有 我 他 这 为 之 来 大 以 个 中 上 们 到 说 国 和 地 也 子 时 道 出 而 要 于 就 下 得 可 你 年 生 自 会 那 后 能 对 着 事 其 里 所 去 行 过 家 十 用 发 天 如 然 作 方 成 者 多 日 都 三 小 军 二 无 同 么 经 法 当 起 与 好 看 学 进 种 将 还 分 此 心 前 面 又 定 见 只 主 没 公 从 知 使 部 本 动 现 因 开 些 理 长 明 样 意 已 月 正 想 实 把 但 相 两 民 她 力 文 等 外 第 王 高 问 太 头 情 西 机 它 回 并 间 手 四 关 重 应 工 性 全 门 老 点 身 东 由 何 向 至 物 战 业 被 政 内 五 儿 及 入 先 己 安 或 利 很 最 书 制 美 山 体 什 新 话 名 曰 合 加 世 平 水 常 果 位 信 度 产 立 声 南 代 走 女 言 马 金 处 便 通 命 特 给 数 次 海 今 表 原 斯 义 各 州 化 口 任 真 才 几 教 官 少 司 德 解 神 则 必 兵 气 打 员 再 论 别 听 提 万 死 更 比 受 百 做 尔 即 元 报 直 白 总 非 建 夫 北 未 张 令 反 士 师 许 条 变 系 计 且 认 目 光 管 路 接 城 活 保 结 题 却 指 感 难 量 务 治 取 场 思 电 空 边 统 件 期 克 帝 亲 复 住 请 市 六 放 风 资 求 史 色 形 望 传 八 府 眼 领 清 决 笑 告 叫 队 强 往 区 交 武 达 社 权 科 九 设 李 观 记 改 展 字 故 品 议 象 花 七 完 林 基 服 带 据 界 云 觉 像 院 飞 远 收 石 众 车 候 类 程 转 共 千 式 失 流 每 该 朝 始 连 术 近 格 济 干 运 怎 步 台 让 江 河 识 规 拉 切 极 持 若 英 争 功 深 备 造 阳 快 集 布 尽 周 宗 病 华 称 罗 爱 导 确 呢 办 节 根 击 商 陈 火 兴 京 注 虽 杀 父 存 臣 准 广 首 乎 具 甚 黄 满 容 单 联 调 吃 古 算 坐 早 引 须 离 证 约 母 组 房 曾 似 易 随 精 视 尚 断 乃 影 除 青 初 息 守 党 半 县 轻 质 语 越 况 举 皇 钱 历 留 乐 章 照 器 写 团 诸 闻
[уреди] Писменост
Се смета дека потребно е познавање на 2,000 знаци за основна писменост во јазикот (на пример, за читање на кинески весник). Учените луѓе знаат над 4,000 - 5,000 знаци.
[уреди] Наводи
- Joël Bellassen|Bellassen, Joël & Zhang Pengpeng (1989). Méthode d'Initiation à la Langue et à l'Écriture chinoises. La Compagnie. ISBN 2-9504135-1-X.
[уреди] Надворешни врски
- Учете кинески знаци (англиски)
- Статии за кинески знаци (англиски)
- Кинеско писмо и јазик (англиски)
- Историја на кинеското писмо (англиски)
- Научете да пишувате кинески знаци (англиски)