Мао Це Тунг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мао Це Тунг (26 декември 1893 - 9 септември 1976) бил водач на Политбирото на Комунистичката партија на Кина (КПК) од 1943 и водач на Централниот комитет на КПК од 1945 до неговата смрт. Под негово водство, КПК станала владеачка партија на копнена Кина како резултат на победата во Кинеската граѓанска војна. На 1 октомври 1949, Мао го објави формирањето на Народна Република Кина на плоштадот Тиананмен. Беше на чело на Народна Република Кина до својата смрт во 1976.