Кирилични броеви
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кириличните бројки биле систем на нумерација врз основа на старословенската кирилица, употребувана кај јужните и источните словени. Овој систем се употребувал во Русија сѐ до 1700-тите кога Петар Велики ја заменил со индо-арапскиот броен систем.
Системот бил квази-децимален, заснован на јонскиот броен систем и се пишувал со соодветни графеми од кирилицата. Секоја единица (1, 2, ... 9) имала своја буква, како и секоја десетка (10, 20, ... 90) и секоја стотка (100, 200, ... 900). Броевите се запшишувале од лево на десно со исклучок на броевите од 11 до 19. Тие биле пишувани од десно на лево. Броевите се разликувале од текстот по тоа што врз нив се приододавало титло. Доколку бројот бил поголем од 1000, бил употребуван знакот за илјадници се пишувал пред бројката ҂ и по него се пишувал бројот на илјадницните со соодветните букви.
Примери:
- - 1706
- - 7118 година по библиски стил, еднаква на 1610 н.е.)
Глаголските броеви работеле на сличен принцип, освен тоа што бројките се пишувале по глаголскиот абучен ред, а не по ред преземен од грчкото писмо.
[уреди] Видете исто така
- Старословенско писмо
- Глаголица
- Глаголски броеви
- Грчки броеви
- Римски броеви