Словени
Од Википедија, слободна енциклопедија
Словените се индоевропска група на народи кои со текот на времето етногенетски се разделиле на повеќе народи наречени Словенски народи. Словенските народи се најмногу слични во однос на јазиците, словенски јазици. За заеднички предок на сите словенски народи се сметаат Пра - Словените што живееле зад Карпатите во Источна Европа (денешна Украина и Западна Русија) Словенските народи кои во мнозинство имаат православна христијанска вероисповед се користат со Кирилично писмо, а додека словенските народи кои во мнозинство се католици или муслимани се користат со латиница.
Бројноста на Словените (односно Словенските народи) денес во светот е околу 294,75 милиони луѓе, претежно населени во Европа. Всушност словенските народи се и најбројно население на Европа со околу 36% од вкупното европско население.
Содржина |
[уреди] Словенски племиња
Во периодот на Доцната Антика и Раниот среден век во византиските пишани извори се забележни повеќе племиња кои се определени како Словенски.
|
[уреди] Етно-културна поделба
Словените вообичаено се делат на три поголеми групи: Источни Словени, Западни Словени и Јужни Словени, сите со различно потекло, но со иста историја, религија и култура. Источните Словени потекнуваат од Киевските Руси, а нивното формирање како засебен народ се случило во доцниот среден век како последица на монголските пустошења на земјата. Како Западните Словени се групирани Словените кои го населиле подрачјето на Централна Европа. Како Јужни Словен се групирани етничките Словени кои во раниот среден век започнуваат да се мешаат со локалната популација на Балканот.
[уреди] Источни Словени
[уреди] Западни Словени
- Полјаци
- Чеси
- Словаци
- Лужички Срби
- Кашуби