Козјачија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Козјачија (или само Козјак) е област во северниот дел на Македонија источно од градот Куманово (во територијата на Општина Старо Нагоричане). Областа е лоцирана северно од патот кон Крива Паланка.
Содржина |
[уреди] Георгафски карактеристики и потекло на името Козјачија
Козјачија се наоѓа во источниот дел на Кумановската котлина во горниото изворишно подрачје на реката Пчиња која протекува низ целата област. На исток областа е оградена со падините на планината Козјак, поради тоа се претпоставува дека оттаму потекнува и името на областа. На запад е отворена кон Кумановската котлина, на север се граничи со Србија, а на југ со Кратовскиот регион. Козјачија има ридски карактер бидејќи селата што ги опфаќа се сместени на крајниот источен ридест дел на Кумановската котлина и подножјето на планината Козјак (источниот дел на Општина Старо Нагоричане и северо-источниот дел на поранешната општина Клечевце). Еден дел на областа, манастирот Прохор Пчињски и неколку села се под територија на Србија.
[уреди] Население
Во областа Козјачија живеат 3268 жители од кои 2612 (79,93%) се Македонци, а 656 (20,07%) се Срби.
Меѓутоа овде треба да се спомене дека од македонските етнолози и од некои српски етнолози (Стојан Новаковиќ и уште неколку денешни етнолози) постои тврдење дека во овие краишта како и во селата на Скопска Црна Гора луѓето што се сметаат себеси за Срби воопшто не се Срби туку се србизирани Македонци (кои биле под силна српска асимилација и влијание).
Како и другите македонски региони така и Козјачија доживеала огромно намалување на своето население од скоро 15000 жители кон крајот на Втората светска војна на денешните 3268 жители пред се поради големите миграциони процеси село-град.
[уреди] Села во Козјачијата
Во областа Козјачија влегуваат следниве села: Длабочица, Дејловце, М'гленце, Пелинце, Арбанашко, Буковљане, Цветишница, Кокино, Малотино, Жељувино, Цвиланце, Брешко, Макреш, Бајловце, Врачевце, Драгоманце, Пузајка, Канарево, Орах, Добрача, Руѓинце, Рамно, Стрезовце, Стрновац, Жегљане и Дренок.
[уреди] Историја
Во областа Козјачија живот има уште од палеолитот. Доказ за тоа се многубројните наоѓалишта на предмети и остатоци од палеолитски населби, а во Козјачијата се наоѓа и мегалитската опсерваторијата Кокино. Од средниот век на територијата на Козјачијата постојат повеќе цркви и манастири. За време на балканските војни тука се одиграл и дел од Кумановската битка помеѓу српската и турската војска, а голем број од населението насилно било мобилизирано од страна на српската војска. Козјачијата ќе даде голем број на борци во Втората светска војна, а низ нејзе ќе поминат и голем број на партизани за време на Февруарскиот поход. На територијата на Козјачијата ќе се одиграат и повеќе победоносни битки на македонските партизани против српските четници и бугарскиот окупатор.
[уреди] Стопанство
Главна стопанска гранка на жителите од Козјачијата е земјоделството. Козјачијата е многу позната по одгледувањето на голем број на овци и кози поради што тука се наоѓаат повеќе млекарници и се прават квалитетни млечни производи како Козјачкиот кашкавал, киселото млеко итн. Од полојделството најзастапно е лозарството, на големи површини се одгледуваат повеќе сорти на бело и црно винско грозје кое населението го преработува во домашни вино и ракија. Од полјоделството се одгледуваат и пченица, пченка, компир, тутун, грав идр. Со откривањето на опсерваторијата Кокино и изградбата на меморијалниот музеј на АСНОМ кај с.Пелинце (во чија близина постои и голем излетнички центар) во подем е туризмот.