Линус Торвалдс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Линус Бенедикт Торвалдс (роден на 29 Декември 1969) го има започнато развојот на Линукс, кернел (јадро) за оперативен систем и моментално ја има улогата на координатор која најверојатно ќе ја зачува до крајот на животот.
Инспириран од Minix (кернел и оперативен систем развиени од Andrew Tanenbaum), почувствувал потреба за UNIX оперативен систем што ќе работи на неговиот домашен компјутер. Торвалдс го започнал развојот на Линукс јадрото работејќи во слободно време на своја опрема.