Метафизика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Метафизиката (грчки - μεταφυσικά) е дeл од философијата коjшто се занимава сo објаснување на природата и потеклото на овој свет. Метафизиката претставува идеалистичка философија за прапочетоците на постоењето, за суштината на светот, за предметите што се непристапни за сетилното искуство како на пр. Бог, душата и др. Метафизиката е метод на мислење спротивен на дијалектиката. Таа не ги набљудува работите во нивниот развиток и во нивната заемна врска, туку поединечно, изолирано, во состојба на мир и неподвижност, на застој и непроменливост.
[уреди] Прашања со кои се занимава метафизиката
- „Кое е потеклото на реалноста?“
- „Кое е местото на човекот во универзумот?“
- „Дали се боите објективни или субјективни?“
- „Дали светот постои надвор од нашиот ум?“
- „Кои се потеклото и природата на предметите, случувањата и местата?“
Централен дел на метафизиката е онтологијата, којашто ги истражува категориите на работите во светот и кои врски ги имаат тие меѓусебно. Метафизичарот исто така се обидува да го избистри начинот на кој луѓето го гледаат светот, вклучувајќи го постоењето, материјалноста, имањето, просторот, времето, случајноста и веројатноста.
Во последно време, поимот „метафизика“ се употребува и со значење „она што е вон/над физичкиот свет“. На пр., метафизичка книжарница може да значи и книжарница што не продава книги за онтологија, туку за духовни работи, духовно излечување, окултизам и други слични теми.
Пред развивањето на модерната наука, метафизиката требало да одговара на строго научни прашања како да е природна философска наука. Ова траело се до времето на Исак Њутн (кој бил и философ), во 18 век (кога поимот „наука“ значел едноставно - „знаење“). Од 19 век, философијата станала наука, а метафизиката вклучувала само проблеми што се вон/над физичкиот свет (и повеќе на била природна наука поткрепена од емпириски докази и експерименти). Философијата и науката сѐ уште може да се сметаат за предмет на метафизиката, во зависност од тоа дали во дефиницијата на овој поим спаѓаат емпириски објаснувања.
Потеклото и природата на материјата биле проблем уште во времето на раната философија. Уште Аристотел и неговите современици дале некакво објаснување за материјата, на разни начини. Денес, се разбира, философите работат само со емпириски истражувања за природата на материјата.