Простор
Од Википедија, слободна енциклопедија
Просторот бил предмет на интерес на философите и научниците во голем дел од човековата историја, и тешко е да се даде неконтроверзна и јасна дефиниција надвор од специфично одреден контекст. Не постои согласност за тоа дали просторот може да се измери или е дел од мерниот систем. Поимот исто така се користи различно во различни научни области. Многу области користат оперативна дефиниција во која се дефинирани мерните единици.
Во математиката под простор се подразбира множество елементи кои задоволуваат однапред пропишани својства. На овој начин се дефинирани повеќе видови простори, на пример: векторски простор, метрички простор, тополошки простор итн.
Ова е нецелосна статија за философија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |