Николо Макијавели
Од Википедија, слободна енциклопедија
Николо Макијавели (1469-1527) е италијански писател и политичар. Своето творештво го започнал со покладни песни, канцони и сонети. Познат е по делата "Владетелот", "Историјата на Фиренца", а неговото најважно дело од аспект на литературата е "Мандрагола". Тоа е првата модерна европска комедија и најдоброто италијанско дело од овој жанр во периодот на ренесансата. Макијавели е можеби најпознат по своето дело "Владетелот" - политичка расправа во која ја изложил својата теорија за граѓанската држава. Ја познавал Италија на своето време. Во неа се случувале сурови борби, па затоа, поаѓајќи од актуелната состојба на разединетата Италија, тој ја истакнал идејата дека целта ги оправдува средствата, што подоцна честопати се цитира. Под макијавелизам (со негативно значење) се подразбира токму значењето на оваа мисла. Макијавели, всушност, ја одделил политиката од етиката, што е мошне противречно.