Област Азот (Велешко)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Областа Азот се наоѓа во централниот дел на Македонија во долината и по течението на реката Бабуна. Оградена е на север и запад со масивот на Мокра Планина (Јакупица, Караџица, Даутица со врвот Солунска Глава), а на југ и југоисток со северните падини на планината Бабуна. Областа се наоѓа југо-западно од градот Велес и низ целата област поминува пругата за Прилеп и Битола.
Денес целата област Азот е во составот на општината Чашка односно во нејзиниот западен дел. Областа Азот на југ граничи со Пелагонија односно Општина Долнени (Прилепското поле), на запад се граничи со областа Порече (Општина Македонски Брод), а на исток и север е отворена кон останатиот дел од велешката област.
Областа Азот се всушност селата во околината на селото Богомила (сите села во составот на истоимената општина која опстојуваше до 2004 година) во долината на реката Бабуна.
Содржина |
[уреди] Села во Азот
Најголемо село во областа Азот (воедно и едно од поголемите села во Велешкиот регион) кое е всушност и централно место на областа е: Богомила. Останати села во Азот се познатите Папрадиште, Нежилово, Габровник, Мокрени, Теово (со својот познат манастир), Согле, Ореше, Капиново, Црешнево, Бистрица, Ораов Дол и Плевење. Истотака за азотски села може да се сметаат и Мартолци, Стари Град и Поменово (кои беа во состав на општината Извор).
[уреди] Население и демографски процеси
Областа Азот од секогаш била доминатно населена со македонско население, но во последниве години се забележува и доаѓање во областа на Албанци од велешките села Горно Јаболчиште и Долно Јаболчиште кои најчесто во овие краишта го напасуваат добитокот или пак заедно со Албанци од западниот дел на државата презимуваат со овците во овој регион. Со припојувањето на општина Богомила во Општина Чашка на која и се додадоа горенаведените села Албанците во регион достигнаа застапеност до дури 30%! Со зачестувањето на обидите Албанците да купуваат ниви и ливади во овој крај, обновувањето на џамијата во селото Согле на овој крај му се заканува опасност од целосна албанизација имајќи во предвид дека македонското население од овој крај е во постојани миграции кон Велес и Скопје и се повеќе селата се празнат и остануваат само старците.
Во времето по втората светска војна Азот го доживува своето најголемо празнење и намалување на населението па така од 6000 жители во 1948 година бројот се намалува на само 1252 жители во 2002 година. Причините поради кои населението масовно го напуштило регионот се национализацијата и колективизацијата и секако индустријализацијата на градовите. Сепак за времето на транзицијата доста стечајни работници од Велес по потекло од овој крај се вратија назад во своите родни места, па така е познат примерот на еден стечаен работник од велешката топилница кој е повратник во Теово и прави сирење со мајчина душица и останати билки.
Азот во 2002 година имал 1252 жители од кои 1192 (95,21%) се Македонци, 45 (3,59%) Албанци, 4 (0,32%) Турци, 5 (0,40%) Срби и 6 од други националности.
Интересно е да се спомене и дека Папрадиште и Ореше cе единствените мијачки села во овој крај формирани од Мијаци од Тресонче, Лазарополе, Росоки кои овде нашле прибежиште од честите качачки албански напади.
[уреди] Македонски национални борци, дејци, преродбеници и познати личности од Азот
Од овој крај се и доста македонски национални борци, дејци, преродбеници и градители како: Петар Поп Арсов (еден од основачите на ТМОРО, од Богомила, кадешто неговата родна куќа е направена во спомен-куќа во негова чест), деецот Димитрија Чуповски и неговиот брат Наце Димов истотака македонски национален деец и познатиот градител на цркви низ Балканот Андреја Дамјанов (од Папрадиште).
[уреди] Историја на областа Азот
Кон крајот на ХІХ и почетокот на ХХ век во Азот се активизирала српската пропаганда. Некои од селата во областа насилно или доброволно деклалирале припадност кон српскиот народ и учествале во српските чети. Покрај силната српска пропаганда во повеќето села, треба да се се спомене дека на територијата на Азот во некои села имало и засилена бугарска пропаганда како на пример во селото Бистрица кое иако било подложено на силни притисоци од страна на српската пропаганда не се откажало од Бугарската егзархија и го зачувало своето училиште. До 1908 година во борба со ВМОРО српските чети го завладеале поголемиот дел од Азот. После Хуриетот некои од селата се вратиле кон Егзархијата - Нежилово, Ореше, Поменово и поголемиот дел од Ораов Дол.
Како и секоја македонска област така и Азот дала голем број борци слободата на Македонија и Македонците. Во овој крај особено се познати големите борби против бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна во 1944 година. Со дел од борбените дејства и ослободителни операции командувал и лично Михајло Апостолски. Токму поради големата победа и целосно разбивање на бугарската окупаторска војска во Азот, во велешкото село Горно Врановци излегува првиот број на весникот Нова Македонија, а од тука се договорени и започнати акциите за ослободување на Скопје и скопско.
[уреди] Надворешни врски
- Стефанъ Н. Аврамовъ "Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието", Материяли за историята на македонското освободително движение, книга X, Македонски Наученъ Институтъ, София 1929. Исто тука.