Ориз
Од Википедија, слободна енциклопедија
Оризот е втора по значење житна култура (после пченицата) и со него се исхранува голем број од населението. Освен за исхрана, оризот се користи за правење алкохолен пијалок - саке, а со преработка на оризовата слама се добива хартија.
Оризот најдобро успева на плодни почви и за него се потребни многу вода и топлина. Најмногу ориз се одгледува во Кина, Индија, Индонезија, земјите на Индокина, Пакистан, Филипини, Бразил и Јапонија.
Главни извозници на ориз се Тајланд, Виетнам и САД. Најголеми приноси на ориз се остваруваат во Јапонија и Јужна Кореја - 6000kg на хектар.