Хортикултура
Од Википедија, слободна енциклопедија
Латинскиот збор hortus (градина растение) и cultura (култура) заедно го сочинуваат зборот хортикултура, што значи култура на одгледување градинарски растенија. Хортикултуристите работат на расади, производство на житни култури, размножување растенија и генетско инженерство, растителна биохемија, растителна физиологија, и скалдирањето, обработката и преносот на овошје, бобинки, ореви, зеленчук, цвеќиња, дрва, грмушки и тресет. Тие ја подобруваат продуктивноста на културите, квалитетот, хранливата вредност и отпорноста на инсекти, болести други штетни влијанија од околината. Генетиката исто така се користи во развојот на растенијата. Таа може да синтетизира хемикалии кои се борат против рак).
Хортикултурата изучува пет полиња. Тие се цвеќарство, пејзажна хортикултура, олерикултура (производство и пласман на зеленчуци), помологија (производство и пласман на овошје) и пожетвена физиологија (одржување на квалитетот и спречување на фира).
Хортикултуристите работат во индустриите, владата и образовните установи. Тие можат да бидат инженери за житни култури, менаџери на фирми на големо и мало, расадувачи, инспектори на житни култури, советници за производство житини култури, размножувачи на растенија, научни истражувачи и, се разбира, учители.
[уреди] Видете исто така
- Арборикултура
- Арборскулптура
- Фунгикултура
- Земјоделство
- Лозарство
- Саден дизајн
- Историја на градинарството