Јазик (анатомски орган)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јазикот (латински: lingva) е подвижен мускулен орган, на кој разликуваме врв, тело и корен, преку кој е прицврстен за дното на усната празнина. Обложен е со слузокожа, која на горната страна содржи вкусни папили.
Вкусот, допирот и болката кај јазикот се осетуваат со помош на папилите (соодветни рецептори):
- Кончести папили (papilae filiformes), за допир и болка, сместени на врвот од јазикот
- Габовидни папили (papilae fungiformes), вкусни папили сместени на телото на јазикот
- Жлебести папили (papilae valatae), вкусни папили сместени на коренот од јазикот
- Листовидни папили (papilae foliate), вкусни папили сместени на рабовите на јазикот.
Јазикот освен што учествува во ингестијата и мешањето на храната, тој е сетило за вкус и орган за артикулација на говорот.mk:Јазик (биологија)