Аспарух
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кан Аспарух | |
споменик во Бугарија Творец и прв владетел на Дунавска Бугарија |
|
Роден | ок. 640 |
---|---|
Починал | 701 краj Днепар, денес Украина |
Аспарух (околу 640-701) е творецот и првиот владетел на Дунавска Бугарија, којшто со една своја прабугарска орда (Уногондури) дошол од исток кон утоката на Дунав, бегајќи од Хазарите, кои ја уништили Велика Бугарија.
Откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, Аспарух ја создал првата држава на Прабугарите на Балканскиот Полуостров во 681 година со седиште во Плиска, од кадешто подоцна ќе ги проширува границите на својата држава на просторот до Стара планина. Во „Именик на бугарските ханови„ Аспарух е наречен кнез, но историчарите мислат дека оригиналната титула треба да е к(х)ан. Постои една теорија според која вистинскотио име на бугарскиот владетел e Батај, a „аспарух“ е грчки изговор на титула во смисла на кнез.[1] Се смета дека Асапрух загинал во борба со Хазарите.
Аспарух бил од значајниот бољарски род Дуло, а татко му бил Кубрат, основачот на Велика Бугарија. Според легендата Аспарух имал уште 4 браќа - потврден е само Батбајан, за Котраг се претпоставува дека доаѓа од името на бугарското племе Котраги; според Мадарските натписи Кубер и Алцек се негови браќа.
[уреди] Литература
- | >>> | Кан на Бугарија (ок.680— 701) | >>> | Тервел |
Бугарски владетели |
---|
Стара Велика Бугарија (632 – 681 г.) Канови (ханови): Кубрат | Батбајан Прва бугарска држава (681 – 1018 г.) Канови (ханови): Аспарух | Тервел | Кормесиј | Севар | Кормисош | Винех | Телец | Савин | Умор | Токту | Паган | Телериг | Кардам | Крум | Омуртаг | Маламир | Пресијан Кнезови: Борис I (Михаил) | Владимир (Расате) Царови: Симеон I | Петар I | Борис II Втора бугарска држава (1186 – 1396 г.) Царови: Иван Асен I | Теодор-Петар IV | Иванко | Калојан | Борил | Иван Асен II | Калиман I Асен | Михаил II Асен | Калиман II Асен | Мицо Асен | Константин I Тих Асен | Ивајло | Иван Асен III | Георги I Тертер | Смилец | Чака | Тодор Светослав | Георги II Тертер | Михаил III Шишман Асен | Иван Стефан | Иван Александар | Иван Шишман | Иван Срацимир | Константин II Асен Трета бугарска држава (после 1878 г.) Кнез: Александар Батенберг |