Атлантски Океан
Од Википедија, слободна енциклопедија
Атлантскиот Океан (Атлантик) е втор по големина од светските океани, со површина од околу 106,4 милиони км2, и покрива околу 20% од површината на Земјата. За споредба, површината на најголемата земја - Русија е 17 милиони km². Најстариот спомен за Атлантикот доаѓа од Херодот околу 450год. п.н.е.
Атлантскиот океан на запад е ограничен со Северна и Јужна Америка, на исток со Европа и Африка, а на север и југ продолжува во Северниот и Јужниот океан.
Со Пацификот е поврзан преку Панамскиот канал и преку Дрејковиот премин јужно од Јужна Америка. На југоисток, Атлантикот продолжува во Индискиот Океан, а за граница се смета меридијанот 20° источно.
Средоземното море е поврзано со Атлантикот преку протокот Гибралтар.
Просечната длабочина на Атлантикот е 3.926м, а најголемата е во ровот Порто Рико, 8.605м. Најголемата ширина е 2.848км помеѓу Бразил во Јужна Америка и Либерија во Африка, а најголемата е 4.830км помеѓу САД и Северна Африка.
Во просек, Атлантикот е најсолен од сите океани, салинитетот изнесува 3,3 - 3,7%. Температурата на водата се движи помеѓу 7-8°C околу географските ширини 45° северно и јужно.
Околу екваторот, поради варијации на температурите на водата и воздухот, во текот на летото (мај-септември) се создават тропски циклони и урагани.
Попознати острови во Атлантскиот океан се Гренланд, Исланд, Фарските острови, Британските острови, Њуфаундленд, Азурите, Канарските острови, Карипските острови, Малите и големите Антили, Бермудските острови и др.