Надбубрежна жлезда
Од Википедија, слободна енциклопедија
Надбубрежните жлезди или адренални жлезди се ендокрини жлезди кои се наоѓаат веднаш над бубрезите, и тоа по една на секој бубрег.
Надбубрежната жлезда е составена од два функционално сосема различни делови: кора (Cortex) и срцевина (Medulla). Хормоните кои ги излачува кората се кортикални, додека оние кои ги излачува срцевината се медуларни. Тие имаат различни физиолошки функции.
Содржина |
[уреди] Хистологија на надбубрежна жлезда
Надбубрежните жлезди се обвиткани со капсула од сврзно ткиво. Кората од жлездата се состои од три слоеви кои се разликуваат по распоредот и обликот на клетките:
- Zona glomerulosa
- Zona fasciculata
- Zona reticulata
Во гломеруларната зона (кружна зона), клетките се поредени во круг. Во фасцикуларната зона, пак, тие се поредени во снопчиња, а во ретикуларната тие се мрежесто распоредени.
Срцевината на надбубрежните жлезди е похомогена од кората.
[уреди] Физиологија
[уреди] Медуларни хормони
[уреди] Кортикални хормони
- гликокортикоиди
- минералокортикоиди
- андрогени (во мали количества)
- естрогени (во мали количества)
Намалената функција на надбубрежните жлезди доведува до појава на Адисонова болест. Кај овие болни, кожата добива бронзена боја. Зголемената функција на надбубрежните жлезди е причина за појавата хипергликемија и зголемен артериски крвен притисок.
Ендокрин систем |
---|
Надбубрежна жлезда | Жолто тело | Хипоталамус | Бубрег | Јајчници | Панкреас | Параштитна жлезда | Епифиза | Хипофиза | Тестиси | Штитна жлезда |