Хормони
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хормоните се специјализирани хемиски стимулатори,кои се продуцираат од ендокрините клетки,ткива и органи (ендокрини жлезди).Тие се транспортираат до сите делови на телото преку циркулаторниот систем,но тие се ефективни само врз специфични целни,т.е. таргет клетки.Своето дејство,хормоните го покажуваат во многу мали количини.Во зависност од местото на дејствување,тие можат да бидат со општо дејство (хормон за раст-STH,инсулин,тироидни хормони) или специфично дејство (TSH,ACTH).Според хемиската структура,има хормони со:
- Протеинска структура-протеински или пептидни (сите хормони,освен оние од надбубрежните,тироидната и половите жлезди)
- Стероидна структура-стероидни (хормоните од кората на надбубрежните жлезди и од машките и женските полови жлезди)
- Амино-киселинска структура-деривати на амино-киселини (хормони од срцевината на надбубрежната жлезда и тироидната жлезда).
Содржина |
[уреди] Види исто така
[уреди] Ослободувачки (рилизинг) хормони
Ослободувачките (рилизинг) хормони се синтетизираат од хипоталамусот и нивна задача е да ја регулираат функцијата на хипофизата.Тие се:
Хормон | Целна жлезда | Ефект |
Адренокортикотропин (ACTH) | Надбубрежна жлезда | Секреција на глукокортикоиди |
Фоликулостимулирачки хормон (FSH) | Јајчници, тестиси | Раст на репродуктивниот систем |
Соматотропен ослободувачки хормон (GHR) | Црн дроб, масно ткиво | Обезбедува раст; липиден & јаглехидратен метаболизам |
Тироиден ослободувачки хормон (TRH) | Тироидна жлезда | Секреција на тироидни хормони |
[уреди] Хормони со протеинска структура
- Тропни (стимулирачки) хормони
- Соматотропин или STH
- Тиреотропин или TSH
- Адренокортикотропин или ACTH
- Пролактин или LTH (лутеотропен хормон)
- Гонадотропни хормони
- Фоликуло-стимулирачки хормон или FSH
- Лутеинизирачки хормон или LH
- Меланотропин или MSH
- Вазопресин или ADH
- Окситоцин
- Инсулин
- Глукагон
- Паратхормон или PTH
- Мелатонин
[уреди] Хормони со стероидна структура
- Гликокортикоиди
- Кортизол
- Кортизон
- Кортикостерон
- Минералокортикоиди
- Андрогени хормони
- Естрогени хормони
- Естрадиол
- Естрон
- Естриол
- Прогестерон
[уреди] Хормони со амино-киселинска структура
[уреди] Ткивни хормони
Ткивните хормони можат да дејствуваат на самото место каде се излачуваат или преку циркулацијата да дејствуваат на други ткива или органи (како и жлездените).Тие се: