Пајонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пајонија е античка држава и област која се наоѓала на местото на денешна источна Македонија, односно се протегала источно од Велес, преку целата долина на реката Брегалница преку Овчеполието и Штип до Кочани и западните и северните падини на Плачковица и Осоговските планини и потоа продолжувала се до долината на реката Струма. Најбројно население биле античкиот народ - Пајонци. За време на владеењето на македонскиот цар Филип II Македонски (татко на Александар Македонски) Пајонија била освоена и станала составен дел на Македонското царство.
[уреди] Литература
- Елеонора Петрова: Paeonia in the 2nd and the 1st millennia BC. Editio Monumenta Macedoniae. 3, Skopje 1999.
- Grace H. Macurdy: Troy and Paeonia. With glimpses of ancient Balkan history and religion. New York, 1925
[уреди] Надворешни врски
Пајонија - Статија во Encyclopædia Britannica