Соломонови острови
Од Википедија, слободна енциклопедија
Соломонски Острови | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Мото: "Да водиш значи да служиш" | ||||||
Химна: Господ ги чува нашите Соломонски Острови Кралска химна: Господ ја чува кралицата |
||||||
Главен град (и најголем град) |
Хониара |
|||||
|
||||||
Официјални јазици | Англиски | |||||
Демоним | Соломонец | |||||
Облик на управување | Уставна монархија | |||||
- | Queen | Елизабета 2 | ||||
- | Governor-General | Натанил Ваена | ||||
- | Prime Minister | Дерек Сикуа | ||||
Independence | ||||||
- | од Обединетото Кралство | 7 јули 1978 | ||||
Површина | ||||||
- | Вкупно | 28.896 km² (142-та) 11.157 mi² |
||||
- | Вода (%) | 3.2% | ||||
Население | ||||||
- | јули 2005 проценка | 552,438 (170- та) | ||||
- | Густина | 17/km² (189th) 43/mi² |
||||
БДП (ПКМ) | 2005 проценка | |||||
- | Вкупен | $911 милиони (171- ва) | ||||
- | На жител | $1,894 (146th) | ||||
ИЧР (2007) | ▲ 0.602 (medium) (129- та) | |||||
Валута | Соломонски Долар (SBD ) |
|||||
Часова зона | (UTC+11) | |||||
Интернет домен | .sb | |||||
Повикувачки број | +677 |
Соломонските Острови е нација во Меланезија, источно од Папуа Нова Гвинеја и содржи околу илјада острови.Заедно тие покриваат површина од 28,400 километри квадратни. Главниот град е Хониара, лоциран на островот Гвадалканал. За Соломонските Острови се смета дека се населени од меланезиски народ илјадници години. Обединетото Кралство основало протекторат врз Соломонските Острови во 1890 години. Некои од најгорчливите битки за време на втората светска војна се одвивале на Соломонските Острови од 1942 до 1945 година, вклучувајќи ја и Битката за Гвадалканал. Самоуправувачка влада беше основана во 1976 година и независност после две години подоцна. Државата е дел од Комонвелтот на Нациите. Од времето на етничката војна во 1998 година, криминалот ја разниша стабилноста и граѓанското општество на Соломонските Острови. Во јуни 2003 година мултинационални сили предводени од Австралија и Регионалната асистенционална мисија на Соломонските Острови приостигаат и го враќаат мирот во државата. Северните Соломонски острови се поделени помеѓу Независни Соломонски Острови и провинцијата Бугенвил во Папуа Нова Гвинеја.
[уреди] Провинции
Државата е поделена на 10 административни региони, од кои 9 се провинции раководени од избрани провинциски асамбли, а 10- та е градот Хониара раководен од Градскиот Совет на Хониара.
- Централна Провинција
- Чоисеул Провинција
- Гвадалканал
- Хониара, градот
- Провинција Изабел
- Провинција Макира- Улава
- Провинција Малаита
- Ренел и Белона
- Провинција Темоту
- Западна Провинција
[уреди] Религија
Религијата во Соломонските Острови е околу 97 % Христијанство со следните доминантни цркви: Англиканска Црква 32 %, Католичка Црква 19 %, Јужноморската Евангелистичка Црква 17%, Седумдневна адвентистичка Црква 11,2 %, Обединета Црква во Папуа Нова Гвинеја и Соломонски Острови 10,3 %, Христијанска Братска Црква 2.4 % и други христијани 4,4 %. Останатите 2,9 % припаѓаат на локалните религиски верувања и други религии како што се Бахаи верувањето.
[уреди] Култура
Во традиционалната култура на Соломонските Острови, обичаите на постарите луѓе се предаваат од една генерација врз друга за да се формираат духовните вредности на Соломонската култура и традиција. Најпопуларниот спорт во Цоломонските Острови е Крикет. Радиото е највлијателниот медиум во Соломонските Острови заедно со јазичните различности и неписменост.