Од Википедија, слободна енциклопедија
7 јули е 188-иот ден во годината според григоријанскиот календар (189-и во престапна година). Остануваат 177 денови до крајот на годината. Шаблон:Јули 2008
1937 |
Јапонската армија го нападна кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставија, па Јапонија тоа го искористи како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траеше се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година. |
1969 |
Во Канада, прифатен е Официјалниот Јазичен Акт според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик. |
1985 |
Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци. |
2000 |
Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото. |
2005 |
Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци. |
1860 |
Густав Малер, австриски композитор. |
1887 |
Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари; создаде фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани. Се занимаваше со графика и сценографија. Умре во Ница, во Франција, на 28 март 1985 година. |
1893 |
Мирослав Крлежа, хрватски писател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. најзначајни негови дела се „Хрватскиот бог Марс“, „На работ од умот“, „Господа Глембаеви“ и „Во агонија“. Умре во Загреб, на 29 декември 1981 година. |
1921 |
Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. Загина во несреќен случај, на 3 февруари 1977 година. |
1940 |
Ринго Стар, роден како Ричард Старки, тапанар на Битлси. |
[уреди] Починале
[уреди] Празници
7 јули (празници)