Среден век
Од Википедија, слободна енциклопедија
Средниот век е епоха од феудалното општествено уредување во која самото човечко општество се дели на две класи: феудалци (експлоататори) и крепосни селани (експлоатирани).
[уреди] Периодизации
Според граѓанските историчари кои не ја признаваат класната борба како главен двигател на историските збиднувања, средниот век трае од падот на Западното Римско Царство во 476 година до средината или крајот на XV век (гранични дати се падот на Цариград во 1453 и откривањето на Америка во 1492). Марксистичките историчари, пак, не ја сметаат оваа периодизација за сосема неоснована, а некои и ја прифаќаат, бидејќи во нејзини рамки се движи траењето на феудалното општествено уредување. Најшироко опфатена периодизација на средниот век дале советските историчари, кои сметаат дека тој трае од падот на Западното Римско Царство, па се до Англиската буржоаска револуција во средината на XVII век, со која започнува радикално рушење на феудализмот во Европа, не само како општествен систем, туку и како политички систем на управување.
Од аспект на литературата, науката и уметноста, средниот век се нарекува "мрачен век", бидејќи во него биле длабоко вкоренети догмите на христијанството, и поради инквизицијата тие не можеле да дојдат до израз.
[уреди] Надворешна врска
- Интернет средновековен Sourcebook проект Основна архива на средниот век