ON AMAZON:



https://www.amazon.com/Voice-Desert-Valerio-Stefano-ebook/dp/B0CJLZ2QY5/



https://www.amazon.it/dp/B0CT9YL557

We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Тенк - Википедија

Тенк

Од Википедија, слободна енциклопедија

Американски тенкисти во Ирак
Американски тенкисти во Ирак

Тенк е гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судар со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и подршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.

Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата Светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква подршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони.

Израелски Меркава Mk4 тенк
Израелски Меркава Mk4 тенк

И покрај тоа што се скапи за производство и тешки за подршка, тенковите се вбројуваат меѓу најдопадливите и најразноликите оружја на модерното бојното поле, поради нивната способност да се борат против други копнени сили (вклучувајќи и утврдувања) како и поради шок ефектот кој го имаат кај непријателската пешадија. Тенковите и оклопната тактика поминале низ неколку еволуции во времето од нивното појавување до денес.

Содржина

[уреди] Етимологија

Постојат три можни објаснувања за потеклото на името „тенк“. Едно е дека првпат се појавило во британските фабрики каде што се произведувале шасиите за првите тенкови: на работнците, и можни шпиуни, би им било даден впечаток дека произведуваат гасенични контејнери за вода, резервоари (tanks) за Британската војска, со што би се зачувало во тајност производството на борбено возило[1]. Друго објаснување е дека изразот првпат бил употребен во извештај до Винстон Черчил кој во тоа време бил Прв Лорд на Адмиралитетот. Од овој извештај произлегле три можни термини: „цистерна“, „моторна воена кола“ и „тенк“. Сепак „тенк“ бил избран поради лингвистичката едноставност.[2] Но најверодостојната приказна потекнува од биографијата на Черчил.[3] За да се скрие вистинската намена на возилата, нацртите биле означени како „Цистерни за вода за Русија“(Water carriers for Russia). Кога било предочено дека ова може да биде скратено како WC-еа за Русија било сменето во „Резервоари за вода за Русија“(Water tanks for Russia). Со тек на време името било скратено на „тенк“.

[уреди] Историја

[уреди] Прва Светска Војна: првите тенкови

Гасенично борбено возило пило предложено во 1912 година од страна на австралискиот инжинер Л. Е. де Мол. Тоа бил еден од најраните практични дизајни кој бил понуден на британското министерство за војна. Де Мол бил известен во јуни 1913 дека неговиот предлог е одбиен, иако не му биле вратени сите нацрти. Тој ги одбил предлозите од пријателите да ги продаде плановите во германскиот конзулат во Перт.[4]

Застојот на Западниот Фронт ја приморал Британската Армија да започне истражување за возило кое би се движело под сопствена сила и кое би можело да поминува преку ровови и бодликава жица, и да е отпорно на митралески оган.

На почетокот, тенковите биле ставени во склоп на Британската Морнарица која требало да ги тренира сите тенковски екипажи, и биле наречени „копнени бродови“. Првиот Лорд на Адмиралитетот, Винстон Черчил, го спонзорирал Комитетот за Копнени Бродови, кој го создал првиот прототип на тенк наречен „Малиот Вили“, во септември 1915. Возилата биле пзнати како цистерни за вода, подоцна скратено на „Тенкови“ (резервоари) за да се зачува тајноста; името станало официјално во декември 1915.[5]

„Малиот Вили“ во музеј во Бовинтон
„Малиот Вили“ во музеј во Бовинтон

Првиот тенк кој учествувал во битка бил британскиот Модел I, Д1, за време на битката кај Флер-Курсејет (дел од Битката кај реката Сом), на 15 септември 1916, еден од двата кои успеале да го пробијат германскиот фронт и стигнал до Флер, но бил уништен од страна на Сојузничката артилерија. Еден од овие два тенкови отворил, по грешка, митралески оган врз 9-та Норфолшка дивизија која се спремала за напад.[6] Французите го развиле Шнајдер ЦА1 работејќи врз основа на гасенични трактори, и првпат го употрбиле на 16 април 1917. Првиот успешен масовен напад со тенкови се случил кај Камбре на 20 ноември 1917. Тенкови биле користени со голем ефект и во Битката кај Амиен, кога Сојузничките сили успеале да пробијат низ вкопани германски позиции благодарејќи на оклопната поддршка.

Германија користела многу малку тенкови во Првата Сватска Војна, А7В е единствениот тип произведен во Германија пред крајот на војната, од кој биле произведени само 15.[7] Првата акција на тенк против тенк била на 24 април 1918 кај Вијер-Бретоно, Франција, кога три бтитански Модел IV сретнале три германски А7В. Германските сили на почетокот немале противтенковски средства, но (случјно) ги откриле полните противтенковски гранати, и вовеле пошироки ровови за да се ограничи подвижноста на британските тенкови. Сепак поради променливите услови на бојното поле сојузничките тенкови еволуирале во текот на војната, создавајќи тенкови како многу долгиот Модел V, кои можел да поминуваат големи препреки, особено широки ровови полесно од неговите претходници.

Почетните резултати на тенковите биле измешани; големи проблеми со механиката предизвикувале тешкотии во борбата, до една третина се расипувале поради механички дефекти неповрзани со непријателски оган, и нивната брзина била мала, 13 km/h постигнати од Випет биле сметани за брзо.[7] Употреба во „Фишеци пени“ го намалил нивниот значителен ефект и тактичка вредност.[1] Иако тенковите со тек на време ќе ја направат Рововската Војна застарена, Првата Светска Војна завршила пред ова да се случи.

Британски Модел IV од Прва Светска Војна
Британски Модел IV од Прва Светска Војна

За време на Првата Светска Војна биле развиени два различни видови тенкови: „машки“, вооружени со топови од голем калибар, и „женски“, само со митралези. „Женските“ биле дизајнирани главно како противпешадиски платформи за заштита на „машките“.[1] По крајот на Првата Светска Војна, најголем дел од „женските“ билезаменети со носачи на митралези (каков што е Брен носачот), а подоцна со оклопни транспортери.

[уреди] Меѓувоени години: Напредоци во дизајн и тактики

Со утврдувањето на концептот на тенкот, неколку држави почнале со дизајнирање и производство на сопствени тенкови меѓу двете светски војни. Британските дизајни биле најнапредни, што се должело на нивната заинтересираност во оклопни единици во триесетите. Франција и Германија не се зафатиле со развој на тенкови поради состојбата на нивната економија (Франција) и забраните наложени од Версајскиот договор (сите германски тенкови биле уништени како услов за предавање[1]). САД посветиле малку внимание на развој на тенкови во овој период бидејќи коњицата била надредена во однос на Оклопните сили и успеала да абсорбира поголем дел од (ограничените) средства одредени за развој на тенкови. Дури и Џорџ С. Патон, кој имал тенковско искуство од Првата Светска Војна, се префрлил од Оклопната гранка во Коњицата (бидејќи Армијата на САД решила да не финансира Тенковски Корпус.

Полски Викерс E.
Полски Викерс E.

Во овој период, повеќе класи на тенкови биле вообичаени, поголем дел од развојот бил во Велика Британија. Лесни тенкови, најчесто до десет тони, биле користени за извидување и најчесто имале малокалибарски топ корисен само против други лесни тенкови. Средните тенкови (крстосувачи во Британија) биле со поголема тежина и биле дизајнирани за движење со голема брзина на големи растојаниа. Пешадиските тенкови (тешки) опремени со големокалибарски топ и тежок оклоп, главно биле многу спори. Идеата била да се користат пешадиски тенкови во соработка со пешадијата за да се направи пробив во противничката линија, нивниот тешок оклоп би им овозможил да им одолеат на противтенковските оружја. По пробивот, би следувале групи крстосувачи кои ќе оперираат позади линијата и ќе напаѓаат командни единици и логистички патишта. Оваа тактика на последователни удари била основа на борбената философија на британските тенковски единици, и подцна била прифатена од германците како една од главните компоненти на блицкригот (секавична војна). Доктрината на Џ. Ф. Ц. Фулер од Првата Светска Војна била основа на теориите на сите големи пионери: Хобарт во Британија, Гудеријан во Германија, Чефи во САД, де Гол во Франција, Тукачевски во СССР. Сите дошле до скоро истиот заклучок, интеграцијата на воздушна извидница од страна на Тукачевски била најсофистицирана; само Германија ја ставила теоријата во практика, и нивната супериорна тактика а не нивните супериорни оружја допринеле за успехот на блицкригот.

Ги имале предвид борбите тенк против тенк , но фоккусот бил на моќни противтенковски топови и слични оружја, вклучувајќи и посебни противтенковски возила. Ова дошло до најголем израз во САД, каде од тенковите се очекувало да ги избегнуваат целосно противничките тенкови и да ги остават уништувачите на тенкови да ги расчистат. Британија тргнала по истиот пат, и двете произведувале лесни тенкови со надеж дека брзината ќе им овозможи да избегнат да бидат погодени. Во практика овој концепт се докажал како опасен. Со зголемувањето на бројот на тенкови на бојното поле шансите за меѓусебна средба се зголемиле до степен каде што секој тенк требало да биде и ефикасно противтенковско возило. Меѓутоа, тенкови дизајнирани самоза борба против тенкови биле релативно беспомошни против други закани, и не биле адекватни за подршка на пешадија. Ранливоста од тенковски и противтенковски оган довело до зголемување на дебелината на оклопот и монтирање на поголеми топови кај скоро сите дизајни. Обликот на тенкот, кој претходно зависел само од спосбноста за поминување на препреки, сега станал компромис, при што нискиот профил станал пожелен за добивање „невидливост“ и стабилност.

[уреди] Втора Светска Војна: Блицкриг и комбинирани единици

Германски „Тигар I“ (или Панцер VI); тежок тенк од Втора Светска Војна
Германски „Тигар I“ (или Панцер VI); тежок тенк од Втора Светска Војна

Втората Светска Војна донела серија напредоци во тенковскиот дизајн. Германија, на пример, на почетокот имала исклучиво лесно оклопни и вооружени тенкови, како Панцер I, кој бил наменет само за тренажа, и биле инфериорни во однос на француските тенкови кои се користеле во тоа време. Германската војска имала четири оперативни модели на почетокот на војната. Првите два модели, (Панцер I и II) биле дизајнирани за тренажа. Недостатокот на напредни модели довело до нивно користење во раните фази од војната. Панцер I, лесен тенк со двочлен екипаж и два митралези од 7.92 mm. Панцер II, преоден модел со трочлен екипаж, 20 mm топ и коаксиален митралез од 7.92 mm. Панцер III , бил првиот посебен германски борбен тенк. на почетокот имал топ од 37 mm (подоцна заменет со 50 mm) и петчлен екипаж. Тој бил примарниот тенк користен за време на инвазијата на Русија во 1941 година. Панцер IV бил германскиот главен борбен тенк во Втора Светска Војна. Првично бил замислен како возило за подршка и имал 75 mm топ со кратка цевка. Подоцна бил подобрен со верзија со долга цевка (и нова муниција), што значително ја зголемило ефикасноста како противоклопно возило. Тој е единствениот германски тенк кој се произведувал во текот на целата војна. Во почетокот на војната лошо се држеле против британските тенкови и многу страдале против советските Т-34 кои имале супериорен оклоп, подобро оружје и подобри перформанси по нерамен терен а со иста брзина. Сепак, овие брзи тенкови и други оклопни возила, во рацете на способни оператори, биле клучен дел од блитцкригот.

До овој период повеќето тенкови биле опремени со радиа (сите германски и американски, неколку советски; британските радиа биле чести но со послаб квалитет), што значително ја подобрило координацијата на единиците. За разлика од порано кога тенковите биле сметани за оружја за подршка на пешадија, и морале да се движат во чекор со пешадијата, новите доктрини и командни структури им овозможило да оперираат самостојно или во соработка со пешадија, наместо да бидат во улога на „подвижна артилерија“. Потрбата на печадијата и логистиката да се движат во чекор со тенковите довело до настанување на механизирана пешадија.

До крајот на војната сите сили драматично ги зголемиле огнената моќ и оклопот на нивните тенкови; на пример, десет тонскиот Панцер I од почетокот на војната имал само два митралези; кон крајот на војната, стандардниот среден тенк на германската војска Пантер, бил опремен со 75 mm топ и тежел четириесет и пет тони.

Друг голем напредок во војната бил воведувањето на подобрен систем за суспензија. Квалитетот на суспензијата е клучниот фактор за добри перформанси на нерамен терен, тенкови со лоша суспензија го подложуваат екипажот на масивни потреси; ова не само што ја ограничува брзината со која се движи тенкот туку го спречува и пукањето на топот во движење. Поновите системи како Кристи или торзиона суспензија драматичноги ги подобриле перформансите, што овозможило Пантерот од крајот на војната да вози по нерамни патишта со брзини кои претходните дизајни не можеле да ги достагнат на асфалт.

Тенковските шасии биле адаптирани за широк спектар на воени работи, вклучувајќи чистење на мински полиња и задачи на воена инжинерија. Сите големи сили развиле и специјализирани самоодни топови: Артилерија, уништувачи на тенкови и офанзивни топови (оклопни возила опремени со големокалибарски топ). Германските и советските офанзивни топови, поедноставни и поефтини од тенковите, биле опремени со најтешките топови од било кои возила во војната, додека американските и британските уништувачи на тенкови одвај се разликувале (само во доктрината) од тенковите.

Куполите, кои претходно не биле универзални за сите дизајни, биле прифатени како најефикасни места за главниот топ. За да се бори против оклопни цели, тенкот имал потреба од еден, силен топ, за разлика од некои предвоени дизајни (како советскиот Т-35), кои често имале повеќе куполи со топови од помал калибар, или еден поголем топ во фиксна положба. Повеќето тенкови задржале барем еден митралез во трупот.

[уреди] Студената Војна и понатаму

По Втората Светска Војна, развојот на тенковите продолжил како и претходно, со подобрување на средната и тешката класа. Лесните тенкови биле ограничени само на извидничка улога, и во САД за подршка на воздушни десанти. Сепак, ограничувањата на тежината наметнати од авиотранспортот спречиле производство на практичен лесен тенк, и со време оваа класа исчезнала.

Различни тенкови во германска служба за враме на Студената Војна (M48A2Ц, Леопард 1A2, Леопард 2A4)
Различни тенкови во германска служба за враме на Студената Војна (M48A2Ц, Леопард 1A2, Леопард 2A4)

Зачетоците на вистинска трансформација веќе се појавувале во постоечки дизајни. Комбинација од подобрена суспензија и посилни мотори им овозможило на средните тенкови од крајот на војната да имаат подобти перформанси од тешките од почетокот на војната. Со малку подебел оклоп и поголеми мотори за компензација, средните тенкови одеднаш добиле заштита речиси против сите противтенковски оружја, дури и оние на тешките тенкови, а сеуште ја имале подвижноста на средни тенкови. Многумина го сметаат Пантерот за пресвртница, инспирација за речиси секој западен повоен тенковски дизајн, иако Пантерот не ги достигнувал стандардите за огнена моќ и оклопна заштита на почетоците од Студената Војна.

Многу успешен повоен тенк бил советскиот Т-54, кој започнал со производство во 1947 година. Овој наследник на Т-34 претставувал директна еволуција на руските принципи за тенковски дизајн, подобрувајќи ги нискиот профил, добриот оклоп, големата подвижност и додавајќи 100 mm топ.

Уште еден нов тенк бил британскиот Центурион. Моделите на Центурион произведени во доцните четириесети можеле да издржат директен удар од прочуениот германски 88 mm топ, и биле вооружени со 105 mm топ, можеле да достигнат брзина од 56 km/h благодарејќи на одличниот Ролс-РојсМетеор мотор од 650 коњски сили (485 kw) (дериват на познатиот Мерлин. Центурионот ги заменил сите британски крстосувачи и најпосле довел до падот на пешадиските (тешките) тенкови, станувајќи она што британците го нарекуваат Универзален Тенк, кој подоцна во повеќето сили станал познат како Тенк за Главна Борба (ТГБ).

Како одговор на зголемената закана од Противтенковски Наведувани Проектили (ПТНП), фокусот на развојот се префрлил од дебелина на оклоп кон технологија на оклоп. Технологијата на топовите останала горе-долу иста дури и со таа од Првата Светска Војна, повеќето тенковски топови во употреба сеуште се полнеле рачно, но сепак имало голем напредок во ефективноста на гранатите.

Иако основната улога на тенкот била речиси целосно развиена до крајот на Првата Светска Војна, перформансите на тие од дваесет и првиот век се далеку зголемени. Тие биле рафинирани како одговор на заканите и потребите кои постојано се менуваат, особено заканата од други тенкови. Напредокот кај тенковите е балансиран со напредок на други тенкови и на противтенковски оружја.

Марински M1A1 пука во Провинција Наџаф, Ирак за време на вежба.
Марински M1A1 пука во Провинција Наџаф, Ирак за време на вежба.

[уреди] Во Ирачката Војна

Заклучно со 2005 година, во текот на војната во Ирак има 1100 М1 Абрамс во употреба од американската војска, кои покажале неочекувано висока ранливост на ИЕС.[8] Релативно нова мина активирана со далечинска контрола, eксплозивно формиран пенетратор се користи со одреден степен на успех против американските оклопни возила (особено против Бредли борбеното возило). Но сепак со додатоци на оклопот кои се вршат во базите, се покажале како многу важни во урбаната борба против пешадија (улога која им е препишана од страна на тактиката)[9], особено во Битката за Фалуџа.

[уреди] Дизајн

РускиT-90, во индиска служба.
РускиT-90, во индиска служба.

Трите традиционални фактори кои ја одредуваат ефикасноста на тенкот се: огнена моќ, заштита и подвижност. Огнена моќ е способноста на тенкот да ја идентификува, нападне и уништи целта. Заштита е способноста да не биде забележен, нападнат и онеспособен или уништен од непријателски оган. Подвижност подразбира тактичка подвижност по разновиден терен на бојното поле, како и стратешка подвижност, способноста на тенкот да биде транспортиран по патишта, железница, по море и можеби дури и по воздушен пат до бојното поле.

Традиционално дизјнот на тенкот се смета за компромис меѓу овие три особини; не е возможно да се зголемат сите три до максимум. На пример доколку се зголеми заштитата со додавање на оклоп ќе резултира со зголемување на тежината и притоа драстично ќе се намали подвижноста; зголемувањето на огнената моќ со додавање на поголем топ се намалува и подвижноста и заштитата (поради потенкиот оклоп на предната страна од куполата).

[уреди] Огнена моќ

Американски среден тенк M4A3E8 пука од подготвена позиција во Корејската Војна.
Американски среден тенк M4A3E8 пука од подготвена позиција во Корејската Војна.

Тенковскиот екипаж мора да може брзо да идентификува, нападне и уништи многу видови на мети на бојното поле, сепак задржувајќи ја својата подвижност. За да го постигнат ова, тенковите се опремени со софистицирана опрема за детекција и контрола на огнот, голем топ кој може да пука со високо експлозивна и муниција за пробивање оклоп, и митралез за одбрана од пешадија, лесни возила и воздухоплови.

Главното оружје на сите модерни тенкови е голем топ. Калибарот на тенковските топови е меѓу најголемите кај копнените оружја, само неколку артилериски парчиња имаат поголем калибар. Иако калибарот се нема сменето значително од крајот на Втората Светска Војна, модерните топови се технолошки понапредни. Моменталната униформирана големина е 120 mm кај западните и 125 mm кај источните (од советско/руско и кинеско потекло) тенкови. Овие топови можат да пукаат со широк дијапазон, но моментално најмногу се користат Пенетратори со Кинетичка Енергија (ПКЕ) и Високо Експлозивна (ВЕ) муниција. Поновите руски и кинески дизајни можад да пукаат и со ракети. Мазните (наспроти {изжлебуваните) топовски цевки се доминантниот вид кај модерните тенкови. Британската и индиската војска се единствените кои сеуште користат тенкови со Изжлебувани топови. Направи за извлекување на чадот и жешките гасови од цевката се редовна појава на сите модерни тенкови.

Модерните тенковски топови најчесто имаат топлотна заштита која ги намалува ефектите на нееднаквите температури. На пример, доколку заврне врз тенковска цевка, горниот дел ќе се лади побрзо од долниот, или ако има ветар од левата страна, таа ќе се лади побрзо од десната. Ова нееднакво ладење кај незаштитена цевка ќе предизвика виткање, што би се одразило негативно врз прецизноста на големи растојаниа.

Обично, тенковите имаат и вооружување за одбрана, на мали растојаниа, од пешадија или мети кај кои користењето на главното оружје би било неефикасно. Најчесто, тоа е или 7.62 mm до 12.7 mm митралез, коаксијално врзан со топот. Сепак, неколку француски тенкови (како АМХ-30 и АМХ-40) имаат коаксијален 20 mm топ со висок интервал, способен да уништи лесно оклопени возила. Дополнително, многу тенкови имаат митралез поставен на покривот или над отворот на командантот, за блиска копнена или ограничена противвоздушна одбрана. Овие митралези од 12.7 mm или 14.5 mm кои се монтирани на американските и руските тенкови и на францускиот Леклерк тенк можат да уништат и лесно оклопно возило на мали растојаниа.

Тенковски митралез на трупот.
Тенковски митралез на трупот.

Некои тенкови биле адаптирани за специјализирани улоги и имале невообичаено главно оружје како пламенофрлачи. Овие специјализирани оружја сега обично се монтираат врз шасиите на оклопни транспортери.

[уреди] Контрола на огнот

Типично, кај раните тенкови главниот топ се користел за „директен оган“, при што со оружјата се нишанело низ едноставни оптички нишани и се придвижувале рачно, корекции за ветар се правеле „од око“ или се користеле едноставни „мрежи“ (обележувања на нишанот наместени за „врамување“ на предмет со познати димензии, во случајов тенк) за одредување на оддалеченоста до целта. Поради тоа, прецизноста била ограничена на големи растојаниа а симултано движење и пукање било незамисливо. Со тек на време овие нишани биле заменети со стереоскопски мерачи на далечина, а подоцна и со ласерски.

Германски Леопард 2A5.
Германски Леопард 2A5.

Повеќето модерни ТГБ во армиите на индустријализирани земји сеуште користат директен оган и имаат ласерски мерачи на далечина (ЛМД). Тие имаат разни софистицирани системи за да ја зголемат прецизноста. Жироскопи се користат за стабилизирање на главниот топ; компјутери ја пресметуваат погодната елевација и точка на нишанење, примаат информации од сензори за брзината на ветрот, температурата на воздухот, влажноста, температурата на цевката, извиткуваше и потрошеност, брзината на целта (се пресметува со најмалку две мерења со мерачот на далечина), и движењето на тенкот. Често се инкорпорира и инфрацрвен или систем за ноќно гледање со појачување на светлината. Ласери за обележување на целта може да се користи при уптреба на наведувана муниција. Како резултат на сево ова, модерните тенкови можат да пукаат и од движење со прифатлива прецизност.

[уреди] Муниција

Тенковите обично користат фиксна муниција, за разлика од артилеријата каде муницијата се состои од три дела (проектил, барутнао полнење и иницијална каписла). Артилеријата користи општа муниција како на пример високоексплозивни полнења за општа подршка, тенковите пак, иако можат да ја користат истата муниција, најчесто користат проектили наменети за уништување оклоп како високоексплозивни со смачкувачка капа (ВЕСК исто така наречена и високоексплозивна пластика ВЕП), високоексплозивни противтенковски (ВЕПТ) и пенетратори со кинетичка енергија (ПKE). За прецизност, проектилите добиваат ротација од жлебовите на цевката или се стабилизирани со крилца.

Некои тенкови, вклучувајќи ги М551 Шеридан, Т-72, Т-64, Т-80, Т-84, Т-90, Т-96 и ПТ-91, можат да користат и ПТНП (противтенковски наведуван проектил), од топот или од надворешно поставени лансери. Ова опција може да го прошири ефективниот борбен досег повеќе од конвенционалните гранати, во зависност од ПТНП системот. Исто така се снабдува тенкот со оружје корисно против бавни нисколетечки воздухопловни цели како хеликоптери. САД го напуштиле овој концепт, со исфрлање на М551 и М60А2, но земјите од ЗНД продолжуваат да користат топ-ракети во нивните ТГБ.

[уреди] Заштита

Заштитата на тенкот претставува спој од способноста да избегне да биде забележан, да биде погоден од непријателски оган, неговиот оклоп да одолее на ефектите на непријателскиот оган, да издржи оштетување и да ја изврши својата мисија, или барем да го заштити својот екипаж.

[уреди] Избегнување на детекција

Неподвижни тенкови можат да бидат добро камуфлирани во пошумени области, каде што има природни скривалишта, со што забележувањето и нападот од воздух се речиси невозожни. Спротивно пак на отворен терен, многу е потешко да се скрие тенк. Во двата случаи, штом тенкот го стартува својот мотор или започне да се движи, може да биде забележан многу полесно поради топлотниот отпечаток и звукот произведен од моторот. Отпечатоците од гасениците се лесно забележливи од воздух, а движењето во пустина може да произведе облаци од прав неколку пати поголеми од тенкот.

Неодамна застанат тенк има значителен термален отпечаток. Дури и ако тенкот е скриен, зад рид на пример, искусен оператор сеуште може да го открие по столбот потопол воздух над него. Овој ризик може да се намали со употреба на термални кебиња кои го намалуваат топлотното зрачење додека да се оладат моторот и гасениците. Некои камуфлажни мрежи се произведени од нееднакво распореден микс од материјали со различни термални својства кои се дизајнирани да ја намалат регуларноста на топлотниот отпечаток на тенкот.

Тенковите се опремени со дизел или турбински мотори, со моќност колку дизел локомотива. Однадвор тенк со дизел мотор мириса и звучи како дизел локомотива. Длабокиот грмеж, макар и на еден тенк, може да се слушне на големо растојание во тивок ден, а силниот мирис на дизелот може да биде носен надалеку од ветрот. Кога тенк стои во место со вклучен мотор, земјата околу него трепери. Кога се движи вибрациите се усте поголеми. Акустичниот отпечаток на турбинските мотори е уште поголем: високотонскиот звук кој го испуштаат може полесно да се разликува од другите звуци и блиску и далеку.

Големата моќноост на модерните тенковски мотори (најчесто преку 750 kW или 1000 коњски сили) произведуваат специфичен термален отпечаток. Невообичаената компактност на метална маса на тенковската шасија ја расширува топлината на начин кој го разликува од сите предмети во неговата околина. Подвижен тенк е релативно лесен за забележување од страна на копнени или воздушни инфрацрвени топлински скенери. Една од причините за едностраните борби за време на Операција Пустинска Бура била што американските М1 Абрамс и британските Челинџер тенкови имале речиси четири пати поголем досег на топлинските скенери од постарите ирачки Т-72. Уште еден фактор во Пустинска Бура бил што, дури и кога биле камуфлирани и неподвижни, ирачките тенкови навечер се ладеле поспоро од нивната околина, со што се олеснила топлинската детекција.

Да се натера тенк да се движи се покажа како многу тешко за време на косовскиот конфликт во 1999 година. За време на почетните неколку недели од конфликтот, воздушните излегување на пилотите од НАТО беа многу неефикасни во уништување на српските тенкови. Ова се смени во последната недела од конфликтот кога КОА (UÇK) почна да ги напаѓа тенковите. Иако тие немаа никакви шанси да ги уништат тенковите, нивната цел беше да ги извлечат на позиции каде што ќе можат полесно да бидат идентификувани и уништени од авионите на НАТО. Но и ова се покажа како неефективно, бидејќи српската армија изгуби само неколку тенкови, додека КОА имаше големи пешадиски загуби.[10]

[уреди] Оклоп

Напуштање на онеспособен М3 тенк за време на вежба.
Напуштање на онеспособен М3 тенк за време на вежба.

Тенковите за главна борба (ТГБ) се најтешкооклопените возила во модерните копнени сили. Неговиот оклоп е дизјниран за да овозможи заштита на возилото и екипажот од разни закани. Најчесто, заштитата од ПЕК испукани од други тенкови се смета за најважна. Тенковите се истотака ранливи на Противтенковски Ракети; Противтенковски Мини, поголеми бомби, директни артилериски погодоци и НБХ (Нуклеарни, Бацтериолошки, Хемиски) закани, кои можат да ги онеспособат или уништат. Тенковите се посебно ранливи на напади од горната страна. Најголемиот број модерни ТГБ-а нудат речиси целосна заштита од артилериски шрапнел и полесни противтенковски оружја како што се РПГ-а. Оклопот потребен за заштита од сите замисливи закани од сите агли би бил претежок за да биде практичен, затоа при дизајнирањето на ТГБ многу труд се вложува во пронаоѓањето на правилната рамнотежа меѓу заштитата и тежината.

Типичниот (и најевтин) метод за заштита се плочи од зајакнат челик, или во некои случаи алуминиум. Релативната ефикасност на оклопот се изразува низ споредба со Ролован Хомоген Оклоп. Од седумдесетите, напредните тенковски дизајни се заштитени од посложени Композитни Оклопи, сендвич од разни легури и керамика. Еден од најдобрите типови на Пасивен Оклоп е Чобам Оклопот развиен во Британија, кој се состои од разделени керамички блокови поврзани во ткаенина натопена во смолеста материја помеѓу слоеви од конвенционален оклоп. Пред Втора Светска Војна, поради релативно ниската цена, оклопот составен од челични плочи меѓусебно поврзани со нитни бил многу популарен. Но удар врз ваков оклоп можел да предизвика нитната да биде насилно изместена и да се одбива во внатрешноста на возилото, произведувајќи жртви кај екипажот. Кај подоцнежните дизајни бил употребуван оклоп од лиен или заваруван челик.

Пред Втората Светска Војна неколку дизајнери на тенкови се обиделе со употреба на навален оклоп на новите дизајни. Најпознатиот и најуспешен пример за ваквиот пристап е Т-34. Навалувањето на оклопот под одреден агол значително ја зголемува неговата ефикасност против гранати, со зголемување на релативната дебелина на хоризонаталната рамнина, и со зголемување на шансата за одбивање. Германските тенковски екипажи биле фрустрирани кога гледале дека гранатите испукани кон Т-34 едноставно се одбивале. Германците подоцна целосно го искористиле овој принцип во дизајнот на Панцер V (Пантер), и тој сеуште се користи денес.

Повеќето оклопни возила најдобро се заштитени на предната страна. Најдебелиот и најдобро навалениот оклоп е на предната плоча и на предниот дел од куполата. Страните имаат помалку оклоп, додека задниата страна, подот и покривот се најмалку заштитени. Бидејќи навалувањето на оклопот го намалува внатрешниот простор на тенкот, предниот дел најчесто има пострмен агол од страните. Задниот дел најчесто воопшто не е навален.

Тенковите се ранливи на специјални ракети за напад одозгора и воздушни напади, како и специјализирани мини. Дури и противтенковските оружја со кои е вооружена лесната пешадија можат да онеспособат тенк со оштетување на неговата суспензија и гасеници. Многу оклопни возила имаат странични плочи за заштита на суспензијата. Во итни случаи, „Молотов Коктел“ може да биде употребен за напад врз тенк, но сепак ова е повеќе бунтовничка/герилска тактика. Поради слабоста на тенкот при борба во тесни простори (градски зони, пошумени области) најчесто тенковите се подржувани од пешадија.

Високоексплозивните противтенковски гранати (ВЕПТ), како тие кај Базуката или Панцерфаустот, биле нова закана во Втората Светска Војна. Овие гранати користеле обликувано полнење кое ја фокусирало силата на експлозијата во тесен пробивен тек. Тенки плочи раздвоен оклоп, челични мрежи „РПГ завеси“, или гумени обвивки, ги детонирале ВЕПТ гранатите подалеку од главниот оклоп, со што значително ја намалувале нивната моќ за пробивање. Исто така постоеле и магнетни ВЕПТ мини кои биле наменети за рачно поставување на ранлив страничен или заден дел. Фотографии од германски тенкови од четириесетите, покриени со противмагнетна паста и со челични мрежи поставени врз гасениците, биле вообичаени.

Некои типови противтенковска муниција (ВЕСК и ВЕП) користат флексибилни експлозивни материи кои се смачкуваат врз оклопот на возилото и го распрснуваат внатрешниот дел од оклопот кога ќе експлодираат. Ова може да го убие екипажот без да го пробие оклопот, но сепак го неутрализира тенкоот. Внатрешен тенок метален оклоп или некој друг цврст материјал овозможува заштита од овие оружја.

Израелскиот Меркава го издигнува тенковскиот дизајн за заштита на екипажот на максимално ниво користејќи го моторот и резервоарите за гориво како секундарна заштита.

Кога Оклопот ќе биде совладан, способноста на екипажот кој преживеал да избега е многу важна. Постоењето на врати за „бегање“ на, дното како кај Т-34 или од страната како кај Черчилот се неопходни потенцијални слабости во оклопот.

[уреди] Пасивна одбрана

Повеќето оклопни возила се опремени со фрлачи на димни гранати, кои можат набрзина да создадат димна завеса која би го скрила повлекувањето од непријателска заседа или напад. Овој метод ретко се користи при напади, бидејќи чадот би го отежнал нишанењето и би му дал на непријателот рано предупредување за нападот. Модерните димни гранати го блокираат видот и во визуелниот и во инфрацрвениот спектар.

Некои димни гранати се дизајнирани да создадат многу густ облак од чад кој може да им попречи на непријателските ласерски мерачи на далечина и на визуелниот контакт, намалувајќи ги шансите за прецизен погодок од оптички нишанети оружја, особено оние со мала брзина, како противтенковските ракети кај кои операторот да го нишани тенкот подолго време. Кај многу ТГБ, како францускиот Леклерк, фрлачите на гранати можат да испукуваат и солзавец и противпешадиски фрагментациони гранти. Многу израелски тенкови содржат мали вертикални минофрлачи кои можат да се користат од внатрешноста на тенкот, со што значително се зголемува противпешадиската способност на тенкот и му овозможуваат да напаѓа мети кои се наоѓаат зад одредени пречки. Оваа идеа првпат се јавила кај германските тенкови од Втора Светска Војна и има предлози и други тенкови да се опремат со двонаменски фрлачи на димно-фрагментациони гранати кои би се снабдувале со муниција од внатрешноста на тенкот.

Пред широката употреба на термографија, најчестата димна граната кај ОБВ (Оклопни Борбени Возила) бил бел фосфор, кој многу брзо создавале димна завеса, и исто така имале и многу корисен запалив ефект против пешадија која би се нашла во близина (пешадија која се приближува за да користи рачни мини и експлозивни полнења).

Од измислувањето на термалните камери, повеќето тенкови се опремени со димни гранати кои содржат пластични или гумени соединенија, нивните запалени ситни делчиња создаваат пречки кај термалните камери.

Некои тенкови исто така имаат генератори на чад кој можат постојано да произведуваат чад, за разлика од моменталниот ефект на димните гранати. Генераторите на чад работат на тој начин што вшприцуваат мали количини гориво во издувниот систем, при што горивото делумно согорува но останува доволна количина на несогорени или делумно согорени честички за да се создаде густ облак од чад.

Модерните тенкови се повеќе се опремени со системи за пасивна одбрана како направи за предупредување од ласери кои активираат аларм во внатрешноста на тенкот доколку тој е „обоен“ од непријателски ласерки мерач на далечина или обележувач.

Други системи за пасивна одбрана се детектори на радио фреквенции кои предупредуваат доколку тенкот е е нанишанет од радарски систем, какви што се користат за наведување на противтенковски оружја, како милиметарски или краткобрански радар.

[уреди] Противмерки

Пасивни противмерки, како рускиот Штора систем, се обидуваат да го попречат наведувачкиот систем на непријателските наведувани проектили.

Експлозивниот реактивен оклоп, ЕРО, е значаен вид на заштита од високоексплозивни противтенковски (ВЕПТ) оружја, кај кој делови од оклопот експлодируваат за да ја распрснат фокусираната експлозија на боева глава со обликувано полнење. Реактивниот оклоп е монтиран на надворешноста на тенкот во мали, лесно заменливи, коцки.

Системите за активна заштита се понапредни. САЗ користат радар или други сензори за автоматски да реагираат на проектил кој се приближува. Кога системот ќе детектира непријателски оган, автоматски ги пресметува сите фактори и испукува контра проектил кој треба да го пресретне непријателскиот на неколку метри од тенкот.

Двата типови на оклоп се потенцијално опасни за пријателската пешадија која дејствува како блиска подршка.

[уреди] Изложжен екипаж

Австралиски Сентинел тенк за време на тестирање во 1942. Командирот нема никаква заштита.
Австралиски Сентинел тенк за време на тестирање во 1942. Командирот нема никаква заштита.

Парадоксално но тенкот е најбезбеден кога каомандирот е изложен на опасност, на отворено, со главата надвор од куполата. Во оваа релативно висока позиција, без никаква лична заштита освен шлем и панциран елек, тој може да гледа околу целиот тенк без никакви пречки, и има поголеми шанси да забележи непријателски противтенковски дејства или природни и вештачки препреки кои би го имобилизирале или успориле тенкот. Исто така тенкот е помалку видлив бидејќи може да остане пониско зад препреките.

Користењето на перископи и други оптички направи го снабдуваат командирот со помало видно поле и нецелосна слика за околината. Па така, кога тенкот се движи низ непознат терен со затворени капаци, командирот и екипажот се на безбедно, но тенкот како целина е изложен на поголемм ризик поради драстично намаленото видно поле. За да се надмине овој проблем, секојдневно се прават напредоци во вградени оптички системи.

Поради ограничувањето на „затворен капак“, многу командири на тенкови во Втората Светска Војна, без разлика на припадност се бореле со отворени капаци. Понекогаш тоа било и стандардна оперативна процедура.

[уреди] Подвижност

Леклерк тенк поминува преку ров.
Леклерк тенк поминува преку ров.

Подвижноста на тенкот се дели на подвижност на бојното поле, тактичка подвижност и стратешка подвижност. Првата е функција на перформансите на неговиот мотор и трансмисијата и е определена од елементи како забрзување, брзина, способност за преминување вертикални препреки итн. Тенкистите и дизајнерите на тенкови ова го нарекуваат „агилност“. Втората е способност на тенкот да биде брзо транспортиран во одредена област. Зависи од неговиот оперативен радиус, кои мостови може да ги помине, и кои транспортни возила можат да го пренесат. Третата е неговата способност да биде транспортиран од една во друга област, во зависност од неговата тежина, воздушна преносливост итн.

ТГБ е дизајниран да има висока подвижност и да биде способен да се справи со повеќе типови на терен. Неговите гасеници ја распрснуваат големата тежина на возилото врз поголема површина, со што се намалува специфичниот притисок врз почвата. Типови на терен кој можат да претставуваат проблем, најчесто се екстремно меки почви, мочуришта, или карпест терен со расфрлани големи камења. На „нормален“ терен од тенкот може да се очекува да се движи со 30 до 50 km/h. Патната брзина (по асфлалтни патишта) може да се очекува да биде и до 80 km/h.

Логистиката потребна за стигнување од точката А до точката Б не е толку едноставна како што изгледа на прв поглед. На хартија или дури и за време на тест возење од неколку часа, еден тенк има подобри теренски перформанси од било кое борбено возило со тркала. На пат најбрзиот тенковски дизајн не е многу поспор од просечното борбено возило на тркала. Во пракса, поради огромната тежина на тенкот во комбинација со релативно слабите гасеници, максималната патна брзина е всушност само краткотрајна, бидејќи нема да помине многу време пред да ојде до механички дефект. Иако максимална теренската брзина е помала, не може да биде одржувана подолго поради непредвидливоста на грубиот терен (исклучок можат да бидат рамнини и песочни пустини).

T-72 Ајела од индиската армија опремен со Реактивен Оклоп за време на вежба.
T-72 Ајела од индиската армија опремен со Реактивен Оклоп за време на вежба.

Бидејќи тенковските гасеници имаат релативно краток рок на траење, секоја можност за пренесување на тенкот со помош на транспортери со тркала, или со железница, наместо под свој погон се искористува. Тенковите неизбежно се пренесуваат на вагони во секоја земја со развиена железничка инфраструктура, бидејќи ниедна армија не располага со доволно транспортери за да ги пренесува сите свои тенкови. Планирањето на натоварувањето и истоварувањето од вагони е многу важно бидејќи железничките депоа, заедно со железничките мостови, се меѓу првите мети на армија која сака да го успори напредувањето на непријателските тенкови.

При движење низ земја без железничка инфраструктура и малку добри патишта, или област со патишта оштетени од мини и полни со непријателски заседи, просечната брзина на напредување на тенковска единица споредлива со брзина на човек кој на коњ или велосипед. Чести застанувања мора да бидат планирани за превентивно одржување и проверки за да се избегнат дефекти за време на борба. Покрај ова се прават и тактички застанувања за да може пешадијата и Воздухопловството да го извидат патот, за да се избегне можноста од противтенковски заседи. Германските тенкови, претпоставувајќи дека нема да наидат на силен отпор, го прекршиле ова правило, и страдале поради дефекти на опремата додека брзале низ Франција и Русија.

Друг проблем околу подвижноста е стигнувањето до областа на дејствување. Тенковите, особено ТГБ, се многу тешки, со што е оневозможено воздушно пренесување. Морското и патното пренесување се многу спори што ги прави тенковите несоодветни за единици за брза реакција.

Некои возила слични на тенкови користат тркала наместо гасеници за да ја зголемат патната брзина и да се намалат потребите од одржување. Овие возила ја немаат супериорната теренска подвижност на гасеничните возила, но се одликуваат со поголема стратешка подвижност.

[уреди] Совладување на водени препреки

За повеќето тенкови, единствен начин за совладување на водени препреки е возење по дното. Длабочината која може да се совлада на овој начин е ограничена од висината на која се наоѓа отворот за воздух на моторот, и до одреден степен позицијата на возачот. Типичната длабочина за ТГБ е 90-120 cm.

[уреди] Совладување поголеми длабочини

T-90, со подигнат шноркл над моторот.
T-90, со подигнат шноркл над моторот.

Сепак, со претходни подготовки некои тенковисе способни да поминат водени препреки со значително поголема длабочина. Германскиот Леопард I и II можат да поминат длабочина од неколку метри, кога се соодветно подготвени и опремени со шноркл. Шнорклот на Леопардот е всушност збир на прстени кои можат да бидат наредени еден врз друг за да создадат долга цевка. Оваа цевка се закачува врз капакот на командирот, со што се снабдува екипажот со воздух и можен пат за излегување во случај на опасност. Висината на цевката е ограничена на околу три метри.

Сите модерни советски/руски тенкови се способни да преминат голема длабочина, сепак за разлика од Леопардот, руските шноркли се само 10-20 cm широки и не овозможуваат излез за екипажот во случај на опасност, но се попрактични и можат да се носат на тенкот.

Овој начин на поминување водени препреки подразбира претпазливо планирање и подготовки на тенкот и местата за влегување и излегување од водата. Тенковските екипажи обично негативно реагираат на поминување на длабока вода. Сепак доколку правилно се испланира и изведе овој маневар додава дополнителни можности за изненадувања и флексибилност во поминувањето на водените препреки.

[уреди] Амфибиски тенкови

Шерман ДП (Двоен Погон) амфибиски тенк со помошни гумени обрачи за пловење во 1942. Обрачите биле подигани пред влегување во вода, а погонот бил на пропелери.
Шерман ДП (Двоен Погон) амфибиски тенк со помошни гумени обрачи за пловење во 1942. Обрачите биле подигани пред влегување во вода, а погонот бил на пропелери.

Некои лесни тенкови како ПТ-76 се амфибиски, најчесто во водата се придвижувани од хидро млазови или од гасениците. Во 1969, американската војска го испратила М551 Шеридан во Виетнам. Овој 17 тонски лесен тенк бил изграден со алуминиумски труп и челична купола и топ (сепак неговиот 152 mm топ бил наречен „лансер“), можел да плива преку водени површини. Бидејќи американската војска го отфрлила системот на класификација со тешки средни и лесни тенкови, и се префрлиле на системот на ТГБ, Шериданот официјално бил заведен како Воздушнодесантно Борбено Возило за Извидување. По пристигањето во Виетнам М551 почнал да го заменува М48А3 Патон во сите Коњанички Ескадрони оставајќи го „Патон“ само во Оклопните Батаљони во Виетнам. Сепак 11 Оклопна Коњаничка Дивизија задржала неколку М48, бидејќи биле единствената целосна дивизија во земјата. На Шериданот не му требале никакви подготовки за преминување реки.

Во Втора Светска Војна американскиот М4 среден тенк (Шерман во британска служба), бил претворен во амфибиски со додавање на обрачи од гумирано платно кои требало да овозможат пловност. Овој тенк бил придвижуван од пропелери кои биле поврзани кои добивале сила од главниот мотор. Ваквите тенкови биле наречени Шерман ДП (Двоен Погон) и биле користени во Нормандија на 6 јуни 1944 за борбена подршка за време на истоварувањето на првите бранови. Шерманот ДП не можел да пука додека пловел бидејќи обрачите се издигале повисоко од топот. Одреден број од овие тенкови биле поплавени и потонале за време на операцијата, дел поради лошото време во Ламанш, дел бидејќи биле пуштени во водата многу далеку од копното, а дел поради тоа што вртеле за да излезат на одредена точка, при што бранови ги префрлиле страните на обрачите. Но тие кои успеале да стигнат на плажата, ја обезбедиле одлучната подршка која била неопходна во првите неколку часа.

[уреди] Погонски единици

Одржување на моторот на М1 Абрамс, куполата е свртена на страна за да се овозможи пристап.
Одржување на моторот на М1 Абрамс, куполата е свртена на страна за да се овозможи пристап.

Моторот на тенкот овозможува движење на тенкот и снабдува електрична енергија до други, витални системи (ротирање на куполата, работа на радиото). Повеќето тенкови од Втора Светска Војна имале бензински мотори, исклучок бил американскиот Холт бензинско-електричен тенк, кој бил опремен и со бензински и со електричен мотор. За време на Втората Светска Војна, голем број на различни мотори биле користени за погон на тенкови, од кои голем дел биле адаптирани од авионски мотори. Со почетокот на Студената Војна скоро сите тенковски дизјни биле опремувани со дизел мотори, подобрени верзии на овие дизел мотори сеуште се во употреба. Од доцните седумдесети тенковите почнале да се опремуваат со гасни турбини.

Тежината и типот на погонска единица, заедно со трансмисијата, одредуваат колку брз и подвижен е тенкот, но брзината е најчесто ограничена од теренот, поради напорот врз суспензијата и екипажот.

[уреди] Дизел мотори

Сите модерни нетурбински тенкови користат дизел гориво бидејќи дизелот е помалку запалив и поекономски од бензинот. Некои советски тенкови го користеле чадот од дизел моторите како предност, намерно горејќи дел од горивото во издувниот систем за да создадат димни завеси. Резерварите најчесто се наоѓаат во задниот дел од тенкот, иако кај некои тенкови како израелскиот Меркава, тие се наоѓаат околу делот за екипажот со што се добива уште еден слој на заштита околу нив. Горивото често се носи во надворешни, помошни, резервари или слични направи како мали приколки кои брзо се откачуваат во случај на борба.

[уреди] Гасни турбини

Гасните турбини се користеле како помошни кај некои тенкови, и како главни погонски единци кај рускиот Т-80 и американскиот М1 Абрамс. Тие се полесни и помали во споредба со дизел мотори од иста јачина. Сепак тие се далеку помалку ефикасни, трошејќи поголеми количини гориво. Споредено со тенкови со дизел мотор оние со гасна турбина имаат помал борбен радиус. Кај разни модели на М1 Абрамс овој проблем е решен со додавање на дополнителни батерии кои би ги снабдувале споредните системи со електрична енергија кога тенкот не се движи. Кај Т-80 можат да се додадат три надворешни буриња со гориво за зголемување на борбениот радиус. Русија престана да го произведува Т-80, и започна со Т-90 (базиран врз Т-72), а Украина го разви Т-80УД и Т84 со дизел мотор со сила приближно иста како кај тенк со гасна турбина.

Поради нивната помала ефикасност, топлотниот отпечаток на гасните турбини е поголем од оној на дизел моторите на исто ниво на сила. Од друга страна акустичниот отпечаток на тенк со пригушена гасна турбина може да биде потивок од оној со дизел или бензински мотор. М1А2 го добил прекарот „Тивка Смрт“ поради неговата тивка работа.[11]

Теоретски турбините се посигурни и поедноставни за одржување од клипните мотори, бидејќи имаат поедноставна конструкција и помалку подвижни делови. Во пракса сепак тие делови трпат поголемо трошење поради нивните поголеми работни брзини. Перките на турбината се истотака осетливи на прав и ситен песок, што значи дека во пустина, тенкот треба да биде опремен со специјален филтер кој треба да се менува повеќе пати дневно. Доколку филтерот е неправилно поставен, еден куршум или парче шрапнел може да го онеспособи, со што всушност, индиректно се оштетува моторот. Клипните мотори истотака имаат потреба од филтри, но тие се поиздржливи доколку дојде до нивно откажување.

Како и повеќето дизел мотори кои се користат во тенкови, и гасните турбини се најчесто способни да работат со повеќе типови на гориво.

[уреди] Командување, управување и комуникација

Командување и координирање на тенковска операција отсекогаш било предмет на одредени проблеми. Поради изолацијата на мали единици, поединачни возила, па дури и членовите на екипажот на еден тенк, потрбни се посебни мерки. Оклопни прегради, буката од моторот, испопречен терен, прав, чад и потребата да се работи со затворени капаци, се огромни пречки во комуникацијата.

[уреди] Внатрешна комуникација

Секој наредба за тенковскиот екипаж, движењето и пукањето, доаѓа од командирот. Кај некои рани тенкови, задачата на командирот била отежната бидејќи тој требало да го полни или да пука со главното оружје, некогаш и двете. Командирот кај одредени мали оклопни борбени возила (ОБВ), дури и во втората половина на 20 век, му давал наредби за движење на возачот со клоцање во грбот или рамената. Повќето модерни ОБВ имаат интерком, што им овозможува на сите членови на екипажот да зборуваат меѓусебно. Некои тенкови дурии се снабдени со надворешен интерком, на задниот дел од тенкот, што и овозможува на пешадијата да комуницира со екипажот на тенкот.

Германски Леопард 2A6M (2007)
Германски Леопард 2A6M (2007)

[уреди] Тактичка комуникација

Кај најраните тенковски операции, комуникацијата меѓу членовите на оклопна чета била остварувана со рачни сигнали, знаменца, дури во некои случаи член од екипажот ќе излезел од тенкот и ќе претрчал до друг. Во Првата Светска Војна, извештаите биле праќани до штабот преку гулаби писмонсци. Сигнални ракети, чад, движење и пукање од оружјето, биле методи користени од искусни екипажи за координација на тактиката.

Од триесетите до педесетите оклопните формации на повеќето земји биле опремени со радиа, но рачните сигнали сеуште биле користени за да се намали „гужвата“ на радиото. Модерниот тенк најчесто е опремен со радио опрема која му овозможува на екипажот да комуницира на посебна радио мрежа на ниво на чета или батаљон, и да ја слуша комуникацијата која се врши на повисоко ниво, за координирање со други гранки од војската. Тенковите на командирот на чета или батаљон се опремени со дополнително радио.

Повеќето оклопни сили оперираат со командирот, понекогаш и други членови на екипажот, излезени од тенкот, за подобро надгледување на околината. Кога се нападнати или пак постои НБХ (Нуклеарно-Биолошко-Хемиска) опасност, екипажот ги затвараат капаците и го гледаат бојното поле низ тесни отвори за гледање или перископи, со што значително се намалува нивната способност да наоѓаат мети и опасности. Од шеесетите, командирот на тенкот има се подобра опрема за наоѓање на потенцијални мети. Во ТГБ командирот има сопствен панорамски нишани (опремени со опрема за ноќно гледање), што му овозможува да „обележи“ една или повеќе нови мети, додека топчијата уништува друга. Понапредна опрема му овозможува на командирот да преземе контрола врз куполата и да пука со главниот топ во итни случаи.

[уреди] Компјутерски напредоци

Понов развој во опремата на ОБВ е зголемената интеграција на контролата на огнот, ласерскиот мерач на далечина, ГПС податоци, и дигиталната комуникација. Американските тенкови, на пример, се опремени со дигитални компјутери кои се поврзани во мрежи на бојното поле. Тие ги интегрираат информациите за познати непријателски движења и за положбата на пријателските единци. Покрај олеснувањето на товарот од извештаи, овие системи овозможуваат и издавање на наредби со графичка репрезентација на бојното поле преку мрежата.

[уреди] Ранливост

И покрај тоа што е моќно оружје и импресивна глетка на бојното поле, тенкот сепак е ранлив. Всушност , големата ефективност на тенкот довела до голем развој на противтенковски оружја и тактики.

Тенк Т-72 со плочи реактивен оклоп
Тенк Т-72 со плочи реактивен оклоп

[уреди] Напади

Пешадија

Тенкови без подршка се ранливи на напади од пешадијци кој би успеале да дојдат до слепи или слаби точки (како под тенкот или позади него). Тенковите можат да бидат имобилизирани сокористење експлозиви на гасениците, или напади низ отворени капаци. За да се заштитат од ова тие оперираат во координација со пешадија која би ги штитела од непријателската пешадија.

Артилерија

И покрај тоа што се отпорни на шрапнел, специјални противтенковски гранати можат да го направат добро позиционираното артилериско оружје смртоносно за противничките тенкови (под услов артилеријата да изреагира доволно брзо). Модерните противтенковски артилериски гранати ги опфаќаат и наведуваните проектили.

Мини

Противтенковските мински полиња и мините воопшто ја имаат способноста да го пробијат релативно тенкиот оклоп на долната страна од тенкот. Во ретки случаи, дури и ИЕН (но со масивни пропорции) всушност успеале да уништат модерен тенк.[12]

Воздухоплови

Летала за копнен напад вооружени со тешки митралези или топови како и ракети и наведувани проектили се користат против тенкови, најчесто нишанејќи во горниот оклоп, кој е повторно (релативно) слаб. Хеликоптерите за напад, користејќи се со големата подвижност, вооружени со наведувани проектили, редовно се користат во противтенковската тактика на многу војски.

[уреди] Логистика

Тенковите се хендикепирани во однос на возила со тркала како оклопни коли, бидејќи се механички по комплицирани и бараат повеќе одржување. Ова дополнително го оптоварува логистичкиот систем што може да ги отежне тенковските операции. Исто така, дизајнот може да предизвика проблеми; германскиот Пантер од втората светска војна имал преклопени тркала, кои имале тенденција да се закочат во кал или снег, и требало да се отстранат пет тркала за да се замени само едно внатрешно, додека други германски тенкови од истиот период имале пренос на предни запчаници што ја зголемило комплицираноста во однос на британските кои имале пренос на задни.

[уреди] Клима

Тенковите можат исто така да бидат онеспособени од времето: стартерите, подмачкувачите и дури и моторите можат да откажат на екстремно ниски температури (за време на операциите во Русија во Втората Светска Војна, тенковите обично работеле константно за да се избегнат проблеми со стартување на замрзнати мотори). Моторот и екипажот исто така да страдаат и од прегревање на високи температури (делумно решено во понови тенкови со системи за климатизирање), или прав кој би можел да затне некој од важните отвореи за воздух.

[уреди] Терен

Тенковите страдаат во шуми и услви на урбана борба, кои ја поништуваат предноста која ја има тенкот во однос на неговиот голем дострел и поголема брзина од пешадијата, ја ограничуваат способноста на екипажот да забележат потенцијални закани, и дури можат да ја ограничат способноста на куполата да се врти. Некои од овие проблеми се делумно решени со посебни модификации за урбана борба, и исто така треба да се напомене дека урбанте операции произведуваат дополнителни опасности за сите типови на единици, при што тенковите имаат повисок степен на заштита (особено против импровизирани и повеќето пешадиски оружја) поради нивниот оклоп.

[уреди] Видете исто така

Оклопни борбени возила

  • Оклопна кола
  • Оклопно инжињерско возило
  • Пешадиско борбено возило
  • Танкета
  • Оклопен транспортер
  • Самоодна артилерија

[уреди] Извори

[уреди] Белешки

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Прва Светска Војна - Вилмот, Х.П., Dorling Kindersley, 2003
  2. Тед Барис, Победа кај Вими: Созревањето на Канада април 9-12 1917, Thomas Allen Publishers, 2007, p. 116
  3. Сер Мартин Гилберт, Черчил: Еден живот, Thomas Allen Publishers, 1991, p. 298
  4. http://www.adb.online.anu.edu.au/biogs/A080298b.htm
  5. Dickson, Paul (January 31, 2004). War Slang (in English). Brassey's. ISBN 1-57488-710-6.
  6. Реган, Џефри. Гинисова книга на уште воени грешки (London: Guinness Publishing, 1993), p.12.
  7. 7,0 7,1 Прва Светска Војна - Тенкот: Нови откритија - Вилмот, Х.П., Dorling Kindersley, 2003, Page 222
  8. Tanks take a beating in Iraq (Тенковите трпат загуби во Ирак) - USA Today, Posted 2005-03-29.)
  9. Tanks adapted for urban fights they once avoided (Тенковите се адаптираат за урбана борба која порано ја избегнуваа) - USA Today, Posted 2005-03-29.)
  10. The KLA: braced to defend and control (КОА: Подготвена за одбрана и контрола) - Jane's Intelligence Review, April 1999, via web.archive.org)
  11. Perry, Mark. „„Тивката Смрт“ удира“. Sun Media Corporation. [Страницата е посетена на 2006-09-10].
  12. Оценување на перформансите на Меркава тенковите - Col. Eshel, David; Col., Defense Update

[уреди] Општ извор

  • Воена енциклопедија, второ издание (десет тома), Војноиздавачки завод, Белград (1975).

[уреди] Надворешни линкови

Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Sub-domains

CDRoms - Magnatune - Librivox - Liber Liber - Encyclopaedia Britannica - Project Gutenberg - Wikipedia 2008 - Wikipedia 2007 - Wikipedia 2006 -

Other Domains

https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformtivo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com