Томас Шапкот
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роден(а): | 21 март 1935 Ипсвич, Австралија |
---|---|
Занимање: | поет, прозаист, драматург |
Томас Шапкот (роден на 21 март 1935 година) е австралијански поет, романсиер, драматург, уредувач, либретист, раскажувач и учител.
Содржина |
[уреди] Биографија
Роден е во Ипсвич, Квинсленд каде и учи заедно со својот брат-близнак, роден еден ден пред него. Интересно е тоа што иако Томас е леворак, неговиот брат е деснак.
Првиот уметнички импулс во него е музичкиот - сака да стане композитор. Уште пред да наполни 19 години, веќе има искомпонирано неколку дела, но се откажува од музиката кога ќе открие дека еден негов жичан квартет, потсвесно плагијаризирал едно дело на Ернест Блох [1]. Потоа работи како даночен службеник, позиција на која ќе остане во следните 27 години.
Директор е на Одборот за Литература седум години, а извршен директор на Националниот Совет за книги во периодот од 1992-97. Професор е по креативно пишување на универзитетот во Аделаида.[2]
Има напишано 15 збирки поезија и 6 романи.
Во 1989 година го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, а во 2000 се закитува со највисокото литературно признание во Австралија - Наградата на Патрик Вајт.
[уреди] Избрани дела
[уреди] Збирки поезија
- Time on Fire („Време на Огнот“)
- The Mankind Thing („Човечкото нешто“)
- Shabbytown („Напуштен град“)
- Calendar („Календар“)
- In the Beginning („На почетокот“)
- Chekhov's Mongoose („Мунгосот на Чехов“; преведена и како „Гуската на Чехов“)
- Spirit Wrestlers („Борачи на духот“)
[уреди] Романи
- White Stag of Exile („Белиот мажјак на егзилот“)
- Mona's Gift („Подарокот на Мона“)
[уреди] Белешки
[уреди] Надворешни врски
- Томас Шапкот на Блесок, заедно со преводот на два негови раскази: Бегалец и Затворање на банката. ((mk))
- Биографија на Томас Шапкот на страницата на Brisbane Writers Festival. ((en))
|
||
---|---|---|
1966-1990 |
Рождественски (1966) • Окуџава (1967) • Наѓ (1968) • Диздар (1969) • Павловиќ (1970) • Одн (1971) • Неруда (1972) • Монтале (1973) • Дагларџа (1974) • Седар Сенгор (1975) • Гилвик (1976) • Лундквист (1977) • Алберти (1978) • Крлежа (1979) • Енценсбергер (1980) • Конески (1981) • Станеску (1982) • Ватсјајн-Ајгеј (1983) • Вознесенски (1984) • Рицос (1985) • Гинсберг (1986) • Ружевич (1987) • Максимовиќ (1988) • Шапкот (1989) • Падрон (1990) |
|