Пабло Неруда
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роден(а): | 12 јули 1904 Парал, Чиле |
---|---|
Починал(а): | 23 септември 1973 Сантијаго, Чиле |
Занимање: | Поет, дипломат, политичар |
Пабло Неруда (12 јули 1904 – 23 септември 1973) е псевдонимот, а подоцна и официјалното име на чилеанскиот писател и комунист Рикардо Елиесер Нефтали Рејес Басоалто. Неговите дела се преведени на многу јазици, а Пабло Неруда се смета за еден од најголемите и највлијателни поети на 20-тиот век.
Поезијата на Неруда е разгранета во неколку различни стилови и мотиви, почнувајќи од еротските љубовни песни (како "Бели ридови"), надреалистичните поеми, историските епови, како и политичките манифести. Можеби најобожаваните песни на Неруда се "Оди за скршените нешта," собрани во неколку томови. Колумбискиот романсиер Габриел Гарсија Маркез еднаш го нарекува Неруда "најголемиот поет на 20-тиот век на било кој јазик". Во 1971 година, Неруда ја добива Нобеловата награда за литература, а следната година и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Неруда е поетот кој ќе чита пред најмногубројна публика и тоа на два пати. На 15 јули 1945 година на стадионот Пекамбу во Сао Паоло, Бразил, тој чита пред 100,000 луѓе песни во чест на комунистичкиот водач и револуционер Луис Карлос Престес.[1] Откако ја прима Нобеловата награда за литература, на покана од претседателот Салвадор Аљенде, Неруда рецитира делови од својата поезија на Estadio Nacional пред повеќе од 70,000 луѓе.
Во текот на својот живот, Неруда е неколку пати на видни дипломатски позиции, а кратко време е и секретар на Чилеанската Комунистичка Партија. Кога конзервативниот чилеански претседател Габриел Гонзалез Видела ќе спроведе терор врз комунистите во Чиле, издаден е налог за апсење на Неруда. Неговите пријатели со месеци го кријат во подрумот на една куќа во пристанишниот град Валпараисо. Преку планина, во близина на езерото Маихуе, Неруда успева да избега во Аргентина. Подоцна, Неруда ќе биде близок соработник на социјалистичкиот претседател Салвадор Аљенде.
Хоспитализиран е со рак во времето на државниот удар кој го предводи Августо Пиноче и во текот на кој неговиот близок пријател Аљенде ќе го изгуби живоот. Неруда умира од инфаркт дванаесет дена подоцна. Веќе легенда во текот на својот живот, по смртта Неруда ќе стане вистинска митска личност - неговиот погреб ќе прозвучи насекаде низ светот. Имено, по наредба на Пиноче погребот на Неруда не смеел да стане јавен настан, но илјадници чилеанци, со солзи во очите, и покрај смртните закани, ги преплавуваат улиците во чест на големиот поет. Со тоа, погребот на Неруда се претвора во прв голем јавен протест против новововедената диктатура.
Својот псевдоним, Неруда го презема од името на чешкиот писател и поет Јан Неруда; подоцна тоа му станува негово легално и официјално име.
[уреди] Белешки
- ↑ Неруда - животот на поетот - хронологија (1944–1953), Fundación Neruda, Чилеански Универзитет.
[уреди] Надворешни врски
- Биографија на Пабло Неруда на Nobelprize.org.
- Фондација Неруда.
- Universidad de Chile: Неруда.
- Избрани песни од Пабло Неруда.
|
---|
Пер Лагерквист (1951) • Франсоа Моријак (1952) • Винстон Черчил (1953) • Ернест Хемингвеј (1954) • Халдор Лакснес (1955) • Хуан Рамон Хименез (1956) • Албер Ками (1957) • Борис Пастернак (1958) • Салваторе Квазимодо (1959) • Сен-Џон Перс (1960) • Иво Андриќ (1961) • Џон Стајнбек (1962) • Јоргос Сеферис (1963) • Жан-Пол Сартр (1964) • Михаил Шолохов (1965) • Шмуел Јосиф Агнон / Нели Закс (1966) • Мигел Анхел Астуријас (1967) • Јасунари Кавабата (1968) • Семјуел Бекет (1969) • Александар Солжењицин (1970) • Пабло Неруда (1971) • Хајнрих Бел (1972) • Патрик Вајт (1973) • Ејвинд Јонсон / Хари Мартинсон (1974) • Еуџенио Монтале (1975) |
|
||
---|---|---|
1966-1990 |
Рождественски (1966) • Окуџава (1967) • Наѓ (1968) • Диздар (1969) • Павловиќ (1970) • Одн (1971) • Неруда (1972) • Монтале (1973) • Дагларџа (1974) • Седар Сенгор (1975) • Гилвик (1976) • Лундквист (1977) • Алберти (1978) • Крлежа (1979) • Енценсбергер (1980) • Конески (1981) • Станеску (1982) • Ватсјајн-Ајгеј (1983) • Вознесенски (1984) • Рицос (1985) • Гинсберг (1986) • Ружевич (1987) • Максимовиќ (1988) • Шапкот (1989) • Падрон (1990) |
|