Топологија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Топологија е дел од математиката што се бави со проучување на општата и деталната структура на просторите и непрекинатите трансформации во нив. Сите простори кои се проучуваат во топологијата се наречени тополошки простори (од кои специјален случај е и реалниот евклидски n-димензионален простор). Топологијата, наречена уште и analysis situs (анализа на место) или geometria situs (геометрија на место), сврзува неколку основни математички полиња, меѓу кои најважни се теоријата на множества и пресликувањата.
Резултатите кои се добиваат во топологијата се многу општи и силни. Така на пример, од тополошки аспект крофна (торус) и шолја за кафе се всушност исто: обете припаѓаат на иста класа на хомотопска еквиваленција т.е. се хомотопски еквивалентни со производот на две кружници како тополошки простори.
Главни полиња на математиката | Уредете |
---|---|
Алгебра | Апстрактна алгебра | Линеарна алгебра | Анализа | Функционална анализа | Нумеричка анализа | Виша анализа | Геометрија | Диференцијални равенки | Теорија на категориите | Комбинаторика | Алгебарска геометрија | Логика | Оптимизација | Статистика | Теорија на броевите | Теорија на множествата | Веројатност | Топологија | Алегебарска топологија |