13 јули
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Јули 2008
13 јули е 194-иот ден во годината според григоријанскиот календар (195-и во престапна година). Остануваат 171 денови до крајот на годината.
Настани:
1822 | Грчката војска ја победува турската кај Термопилите во текот на борбата за независност на Грција. |
1878 | Завршува Берлинскиот конгрес, на кој тогашните големи сили (Германија, Австро-Унгарија, Русија, Англија, Франција и Отоманската Империја) воспоставуваат нов однос на силите на Балканот. |
1930 | Во Монтевидео, главниот град на Уругвај, започнува првото светско фудбалско првенство, на кое домаќинот ја освојува титулата. |
1946 | При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија. |
1985 | Советскиот скокач со стап Сергеј Бубка, во Париз станува првиот човек во историјата на овој спорт што прескокнал над шест метри. |
Родени:
1934 | Воле Сојинка, нигериски писател и Нобелов лауреат. |
1942 | Харисон Форд, американски актер, познат по улогата на Индијана Џонс во истоимената филмска трилогија. |
1957 | Камерон Кроу, американски режисер-оскаровец. |
Починале:
1762 | Џемс Бредли, англиски астроном, директор на Гриничката опсерваторија.Во 1728 година ја објасни појавата на аберацијата на светлоста и ја откри појавата на нутацијата. Роден е во 1693 година. |
1793 | Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од водачите на француската буржоаска револуција. Убиен е од Шарлота Кордеј, приврзаничка на жирондистите и на монархистите. Роден е на 24 мај 1734 година. |
1951 | Панко Брашнаров, македонски револуционер. |
1954 | Фрида Кало, мексиканска сликарка. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |