20 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Октомври 2008 20 октомври е 293-иот ден во годината според григоријанскиот календар (294-и во престапна година). Остануваат 72 денови до крајот на годината.
Настани:
1941 | Втора Светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт. |
1994 | Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин. |
Родени:
1875 | Димо Хаџи Димов, македонски револуционер. |
1915 | Мирче Ацев, народен херој на Македонија. |
1915 | Антон Попов, македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. |
Починале:
2003 | Миодраг Петровиќ - Чкаља, српски актер и комичар. |
2003 | Ѓоко Георгиев, водителот на првите контактни емисии на Македонското радио „Три гонга“ и „Средби низ музика“. Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови на поп музика. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |