21 февруари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јан - Февруари - Мар | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
21 февруари е 52-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 313 денови до крајот на годината (314 во престапна).
Настани:
1795 | Холандија и го предаде на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан. |
1848 | Публикуван е Комунистичкиот манифест. |
1916 | Прва Светска војна: Германските трупи минаа во офанзива кај Верден во Франција, тоа беше најкрвава битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траеше шест месеци. Во оваа неуспешна офанзива, Германците загубија околу половина милион луѓе, додека Французите, иако имаа исти загуби, успеаја да го одбранат Верден и да ги запрат Германците. |
1972 | Ричард Никсон, како прв претседател на САД допатува во Пекинг со што започна нормализацијата на американско-кинеските односи. |
1992 | Во Вадуз (Лихтенштајн), на Генералното собрание на Еуротел интернационал-хотелска агенција во која членуваат девет земји, Република Македонија е примена за десетта членка. Неколку земји, членки на Европската заедница (Холандија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија и Белгија) индиректно ја признаа Република Македонија. |
1999 | Посетата на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на Влада на соседната земја по десет години, заврши со потпишување на Договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот околу Кашмир, како и за намалување на ризикот од војна. |
Родени:
1795 | Франческо Маноел да Силва, познатиот бразилски композитор. |
1866 | Аугуст фон Васерман, германски бактериолог. |
1924 | Роден е Роберт Габриел Мугабе, зимбабвеанскиот револуционер и државник, кој по стекнувањето на независност на Зимбабве во 1980 година, стана прв премиер на африканската држава. |
Починале:
1677 | Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло. |
1984 | Михаил Шолохов, еден од најпознатите руски писатели. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |