3 февруари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јан - Февруари - Мар | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |
календар за 2008 г. Сите дати |
3 февруари е 34-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 331 денови до крајот на годината (332 во престапна).
Настани:
1917 | Прва Светска војна: САД ги прекинаа дипломатските односи со Германија, откако Берлин соопшти дека ќе започне војна со подморници. |
1943 | Втора Светска војна: Британските авиони го бомбардираа германскиот град Хамбург. |
1945 | Втора Светска војна: Американските авиони исфрлија 3.000 тони бомби над Берлин. |
1966 | На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без посада „Луна IX“, по што почна да емитува радиосигнали. |
1969 | Палестинскиот национален конгрес го избра Јасер Арафат за шеф на Палестинската ослободителна организација. |
1973 | Во Јужен Виетнам на основа на мировниот Договор потпишан во Париз стапи во сила прекин на огнот. Со Договорот беше предвидено САД да ги повлечат своите трупи, а Владата во Сајгон и Фронтот за национално ослободување на Јужен Виетнам да формираат „Национален комитет за национално помирување“. Силите на Фронтот со помош на северновиетнамската Армија во април 1975 година ги поразиле владините трупи во Сајгон и американската војска, а марионетскиот режим се распадна. |
1981 | Гро Харлем Брунтланд по оставката на Одвар Нордлиј е избрана за прва жена премиер на Норвешка. |
1992 | Аргентинскиот претседател Карлос Менем потпиша Декрет за отворање на сите документи за нацистите кои по завршувањето на Втората светска војна пребегнаа во Јужна Америка. |
1994 | Американскиот претседател Бил Клинтон го укина трговското ембарго воведено спрема Виетнам во 1975 година, по поразот на американските војници во таа земја. |
Родени:
1809 | Феликс Манделсон - Бартолди, германски композитор, пијанист и диригент. |
1898 | Алвар Алто, фински архитект |
Починале:
1924 | Вудро Вилсон, дваесет и осмиот претседател на САД. Беше претседател од 1913 до 1921 година. |
1977 | Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. |
1987 | Проф. д-р Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. |
1992 | Васил Ќортошев, македонски оперски пејач и режисер. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |