Од Википедија, слободна енциклопедија
8 јули е 189-иот ден во годината според григоријанскиот календар (190-и во престапна година). Остануваат 176 денови до крајот на годината. Шаблон:Јули 2008
70 |
Римјаните го освојуваат и разрушуваат Ерусалим. Единствениот дел што останува од градот е само западниот ѕид на Големиот Еврејски Храм, денес познат под името Ѕид на Плачот. |
1497 |
Португалскиот морепловец Васко де Гама испловува од Лисабон на патувањето кое ќе му овозможи да го открие поморскиот пат кон Индија. |
1967 |
Со нападот на израелските копнени и воздухопловни сили врз Египет започна израелската агресија врз арапските земји. |
1997 |
Усвоен Законот за употреба на знамињата, со кој беше регулирана употребата на македонското државно знаме, а беше забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните институции. |
1621 |
Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Умре во Париз, на 13 април 1695 година. |
1809 |
Људевит Гај, голем хрватски идеолог и водач на Илирското движење. Забележувајќи ги објективните околности на своето време, тој сметаше дека литературната и културната дејност претставуваат пат до националната преродба во услови на политичка пресија. Во 1943 година беше забранета употребата на илирското име, а тоа значеше почеток на крајот на Гај, кој умре во Загреб, на 20 април 1872 година. |
1885 |
Ернст Блох, германски филозоф. |
1893 |
Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени Цепелин. Првиот воздушен балон летна на 3 јули 1900 година. Умре на 8 март 1917 година. |
[уреди] Починале
[уреди] Празници
8 јули (празници)