Атика
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа статија е за Атика во Грција. За други Атики видете Атика (појаснување).
Периферија Атика Περιφέρεια Αττικής |
|
---|---|
Главен град | Атина |
Префектури | Атина Западна Атика Источна Атика Пиреј |
Население | 3.841.408 (2005) |
Површина | 3.808 km² |
Густина | 1.009 жители/km² Податоци... |
Веб-сајт |
Атика (грчки: Αττική) е периферија во Грција, која го содржи Атина, главниот град на Грција. Атика е понатаму поделена на префектурите: Атина, Пиреј, Источна Атика и Западна Атика.
Атика е лоцирана во тоа што денес е јужна Грција, и покрива околу 3.800 квадратни километри. Покрај Атина, во својата територија ги содржи градовите Пиреј, Елевсис, Мегара, Лавриум и Маратон, како мал дел од полуостровот Пелопонез и островите Саламис, Егина, Порос, Хидра, Спецес, Китира и Андикитера. Околу 3.750.000 луѓе живеат во периферијата, од кои повеќе од 95% се населени во метрополитенската област на Атина.
Атина била оригинално главниот град на Централна Грција.
Содржина |
[уреди] Географија
Атика е полуостров кој излегува на Егејското Море. Неколку планини го делат полуостровот на рамнините Педија, Месогија и Триасија. Тие планини се Химетус, источниот дел на Геранија, Парнита, Егалео планините Пендели. На север се граничи со рамнината Беотија, а на запад се граничи со Коринт. Саронскиот Залив лежи на југ и островот Евбеја (Евија) лежи близу северниот брег. Првиот, воедно и единствен голем резервар на Атина, езерото Маратон се наоѓа 42 km на северо-исток и е наречено „Маратонска Брана“ која што за прв пат била отворена во 1920-тите. Оттогаш, таа е најголемото езеро на Атика. Областа околу Парнита и Химетус е покриена со шуми, освен врвовите, но планините на запад и југ се тревнасти, неплодни или пошумени.
Реката Цефисус е најдолгата река, и Парнета или Парнита е највисоката планина во Атика. Префектурата исто така има паркови на планините Химетус, Пендели и Парнита, како и во јужниот дел на полуостровот.
Според Платон, античките граници на Атика бил пролазот, и дека во правецот на континентот, тие се протегале сѐ до височините Цитерон и Парнес. Граничната линија доаѓала надолу во правец на морето, со областа Оропус десно, и реката Асопус како граница лево.
[уреди] Клима
Климата е типично средоземноморска, со суви и топли лета и минимални врнежи од дожд, и ладни до умерени зими. На планините паѓа мало количество снег секоја зима, но ова ретко се проширува до пониските области. Ретко се случува да се појави и мраз. Шумските огнови и поплавите се чести.
[уреди] Историја
Процесот на обединување на Атика од Атина не е целосно јасен, но се смета дека е во некоја точка од првата половина на 7 век п.н.е. кога Елевсис и околните рамнини биле приклучени кон атинската држава и нивните населеници станале граѓани. Дури тогаш, границите не биле фискирани, со оглед на тоа што Атина водела битки со Мегара за контрола над Саламис и со Боетија над граничните градови како Оропус со векови. Видете Историја на Атина.
Атика подоцна станала дел (сукцесивно) од Римската и Византиската Империја, крстоносното Војводство Атина и Отоманската Империја, сè до Грчката Војна за Независност.
[уреди] Транспорт
[уреди] Патишта и автопати
Областа е поврзана со патишта и автопати:
- Грчки Национален Пат 1 (автопат)
- Грчки Национален Пат 3 (стар автопат Атина-Солун)
- Грчки Национален Пат 8 (стар автопат кој ги поврзувал Патрас, Пелопонез и Атина)
- Грчки Национален Пат 8A (автопат)
- Грчки Национален Пат 79
- Грчки Национален Пат 83 (Авенија Маратонос)
- Грчки Национален Пат 89
- Грчки Национален Пат 91
- Атики Одос, број 6 (автопат во приватна сопственост), постепено отворан од 2001 до 2004
- Прстен Химетус (број 64), отворен во 2004
- Прстен Егалео (број 65), отворен во 2004, сеуште во изградба во неговиот јужен дел.
[уреди] Ферибот
Бројни линии за ферибот, и за нормални фериботи и за „летечки делфини“ (брзи морски возила), го поврзуваат пристаништето Пиреј со островите на периферијата.
[уреди] Друго
- Атински масовен транзитен систем
- Атинско Метро
- Проастикос
- Транзитен систем (Атика)
[уреди] Спортски екипи
[уреди] Фудбалски тимови
[уреди] Прва и втора дивизија A' & B' Етники (2006 / 07)
- АЕК - Атина
- Хедари - Хедари, Атина
- Халкидона - Халкидона
- ФК Егалео - Егалео, Атина
- Етникос Астерас - Кесариани, Атина
- Илисиакос - Зографу, Атина
- Јоникос - Никеја, основан во 1965
- Калитеа - Калитеа (Атина), основан во 1966 --
- Олимпијакос (Олимбиакос Синдезмос Фиатлон Пиреос, ОСФП) - Пиреј
- Панатинаикос - Атина
- ФК Паниониос - Неа Смирни (Атина)
- Проодефтики - Никеја (Атина)
- Трасивулос - Фили, Атина
[уреди] Трета дивизија
- Ахарнекос - Ахарне
- Агиос Деметриос - Атина
- Аполон - Атина
- Етникос - Пиреј, Атина
- Визас - Мегара
[уреди] Сите спортови
- АК Амбелокипи - Атинаs (во областа на Амбелокипи), четврта дивизија
- ФК Етникос - Атина, четврта дивизија
- Фокианос Атинон - Атина, четврта дивизија
- Терени за мини-фудбал
[уреди] Личности
- Ели Ламбети (1 јануари, 1926 во Виља - 1983 во Северна Америка)
[уреди] Општини и заедници
Видете:
- Листа на општини и заедници во Атика
- Листа на населени места во Атика
[уреди] Провинции
- Провинција Атика
- Провинција Китера
- Провинција Мегара
- Провинција Саламис, сега дел од Пиреј
Поранешните провинции со закосени букви не постојат повеќе.
Атика • Епир • Западна Грција • Западна Македонија • Источна Македонија и Тракија • Јонски Острови • Јужен Егеј • Крит • Пелопонез • Северен Егеј • Тесалија • Централна Грција • Централна Македонија • Света Гора (автономен регион)
|
|||
---|---|---|---|
Атика | Егејски Острови | Епир | Јонски Острови | Крит | Македонија | Пелопонез | Тесалија | Тракија | Централна Грција Света Гора (автономен регион во Македонија) |