Епир (периферија)
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа статија се однесува на грчката периферија Епир. За други значења видете Епир.
Периферија Епир Περιφέρεια Ηπείρου |
|
---|---|
Главен град | Јанина |
Префектури | Арта Јанина Превеза Теспротија |
Население | 358.698 (2005) |
Површина | 9.203 km² |
Густина | 39 жители/km² Податоци... |
Веб-сајт | www.roe.gr |
Епир (грчки: Ήπειρος) е периферија во северозападна Грција. Се граничи со Западна Македонија и Тесалија на исток, Централна Грција на југ, Јонското Море и Јонските Острови на запад, додека на север граничи со Албанија. Провинцијата зафаќа површина од 9.200 km2. Другиот дел од Епир е во Република Албанија.
Содржина |
[уреди] Територијално-административна поделба на Епир
Епир е поделен на четири подобласти, наречени „номи“' (грчки: νόμοι), кои пак, од своја страна се поделени на општини наречени „дими“'(грчки: δήμοι) . Четирите дими се Теспротија, Јанина, Превеза и Арта.
[уреди] Демографија
Во грчкиот Епир живеат околу 350.000 луѓе. Најголем дел од населението се грци, но има и власи и албанци. И тие, како и македонците не се признати како малцинство, па затоа нивниот точен број не може да се утврди.
[уреди] Географија и екологија
Релјефот во грчкиот дел од Епир е карпест и планински. На исток од Епир е планината Пинд. Поголем дел од Епир лежи на заветрената страна од планината Пинд, а тоа е причината што овој регион е еден од најдождливите во Грција. Климата на Епир е главно алпска. Вегетацијата се состои воглавно од грмушести растенија, додека фауната е претставена со мечки, волци, лисици, срни и рисови.
[уреди] Економија
Од економски аспект, Епир е сиромашна област, со мала индустрија. Поради карпестиот терен, земјоделството е отежнато. Тутунот се одгледува околу Јанина, а развиен е риболовот. Сепак, поголемиот дел од храната се увезува од плодните региони на Грција.
Атика • Епир • Западна Грција • Западна Македонија • Источна Македонија и Тракија • Јонски Острови • Јужен Егеј • Крит • Пелопонез • Северен Егеј • Тесалија • Централна Грција • Централна Македонија • Света Гора (автономен регион)
|
|||
---|---|---|---|
Атика | Егејски Острови | Епир | Јонски Острови | Крит | Македонија | Пелопонез | Тесалија | Тракија | Централна Грција Света Гора (автономен регион во Македонија) |