Хајделберг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хајделберг е град во Баден-Виртемберг, Германија, на половина пат меѓу Штутгарт и Франкфурт на Мајна. Градот има околу 140,000 жители, кои живеат на површина од 109 km².
Хејделберг лежи на реката Некар, на точката каде реката ја напушта својата права и стрмна долина во Оденвалд за да се спои со долината на Рајна, каде, 20 km северозападно од Хајделберг се влева во Рајна кај Манхајм.
Стариот дел од градот (Altstadt) е долг и тесен и во него доминира Хајделбершкиот Замок, долг 80 метри. Замокот е опколен со парк.
Хајделберг е мешавина на традиција и модернитет. Во минатото имало центар за наука и за уметност, а денес оваа традиција е продолжена со многуте истражувачки центри лоцирани околу градот.
Во Хајделберг се наоѓа еден од најстарите образовни институти во Европа - Рупрехт Карлсовиот универзитет, попознат како универзитетот во Хајделберг. Меѓу најпознатите мислители поврзани со овој универзитет спаѓаат Георг Вилхелм Фридрих Хегел, потоа философот на херменевтиката Ханс-Георг Гадамер, Руди Шнајдевинд, критичкиот теоретичар Јурген Хабермас и дискурсниот философ Карл-Ото Апел. Еден од најпознатите студенти на хајделбершкиот универзитет е Карл Драјс кој го измислил велосипедот во 1817 година.
Бројни американски воени инсталации се присутни во и околу Хајделберг, вклучувајќи го и седиштето на војската на САД во Европа (HQ USAREUR). Овие два елемента го сочинуваат Американскиот Воен Гарнизон Хајделберг. Исто така, мал број на НАТО воени инсталации се присутни околу градот.