Фрајбург
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фрајбург на Брајзгау е град во Баден-Виртемберг, југозападна Германија. Се наоѓа во регионот Брајзгау, на западниот раб на јужен Шварцвалд. Градот има околу 214,000 жители. Фрајбург има сончева микроклима и се смета дека тој е најтопол и најсончев град во Германија. Низ него поминува реката Драјзам.