Портал:Биографија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Уметност · Биографија · Географија · Историја · Математика · Философија · Наука · Опшество · Технологија
Поимот биографија (грчки bios = жив, живот + graphos = пишува), се одомаќинил во речиси сите европски јазици. Означува животопис, или опис на нечиј животен пат. Слично како што на латински е Curiculum Vitae - тек на животот.
Ѓорѓи Сугарев (Георги Сугарев) е Македонски револуционер и Битолски окружен војвода на ВМОРО (Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација).
Ѓорѓи Сугарев роден во град Битола во 1876 година во семејство од крајно сиромашни родители. Преживеаната мизерија во него раѓа омраза спрема несправедливоста и нееднаквоста. Уште во детските години тој ја почувствувал омразата и кон поробителот, а во младинските години таа добива се поголем и поголем размер.
Не успевајќи да заврши IV. клас во Битолската гимназија, поради големите семејни оскудици, тој ја напушта гимназијата и й се оддава на учителската кариера, преку којашто успева да го прави тоа што најмногу му лежи на срце: да го буди народот и да го учи, како да се бори и умира за својата слобода. Тој учителствува во градот Битола, Битолската и Кичевска околија. (повеќе...)
Алберт Ајнштајн (Улм, 14 март 1879 - Принстон, 18 април 1955) бил теоретски физичар кој нашироко се смета за најголемиот научник на 20-от век и еден од најголемите физичари на сите времиња. Ајнштајн ја предложил теоријата на релативитет и допринел на развојот во полињата на квантната механика, статистичка механика и космологија. Во 1921 година му е доделена Нобеловата награда за физика за неговото толкување на фотоелектричниот ефект и за општи придонеси кон теоретската физика.
Ајнштајн студирал во Цирих на Eidgenössische Technische Hochschule од 1896 до 1900 година каде му е доделена учителска диплома. Во 1901 година станал државјанин на Швајцарија. По завршени студии Ајнштајн се вработува во Патентниот завод на Швајцарија. Ајнштајн докторирал во 1905 година со теза "Нов вид на воспоставување на молекуларни димензии" ("Eine neue Bestimmung der Moleküldimensionen"). Истата година напишал неколку студии кои ги имаат воспоставено темелите на современата физика. Неговите истражувања се дотолку импресивни оти немале обимни референци во поранешната научна литература и представувале битен исчекор кон нови разбирања на физичките феномени. Три од нив, на темите на брауновото движење, фотоелектричен ефект и специјална релативност се од посебна важност бидејќи разјасниле набљудувања за кои што до тогаш не постоеле научни објасненија.
Ајнштајн станал светска позната личност по неговата формулација на теоријата на релативитетот во 1915 година. Неговата популарност има достигнато такво ниво што во секојдневниот говор зборот Ајнштајн претставува синоним за интелигентен или генијален. Последните години од својот живот ги посветил на изучување на обединувањето на теориите на гравитација и електромагнетизам.(повеќе...)
Шаблон:Портал:Биографија/Дали знаете
Личности:
- Академици • Економисти • Философи • Доктори • Научници
- Актери • Артисти • Автори • Комедијанти • Консултанти • Dancers • Directors • Музичари • Музички групи • Musicians • Playwrights • Писатели
- Астронаути • Авијатичари • Истражувачи • Планинари
- Бизнисмени • Computer pioneers • Иноватори
- Претседатели на држави • Хуманитарци • Новинари • Адвокати • Политичари
- Celebrities • Living people • More categories
Листи на личности
- Личности |
By name
- A • B • C • D • E • F • G • H • I • J • K • L • M • N • O • P • Q • R • S • T • U • V • W • X • Y • Z
Шаблон:Портал:Биографија/Одбрани годишнини/април 14
Шаблон:Портал:Биографија/Цитат/2007, седмица 15
Шаблон:Портал:Биографија/ВикиПроекти
Википедија:ВикиПроект Биографија/to do
Purge server cache Шаблон:Featured portal