Теорија на релативитет
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
А.Мајклсон и Е.Морли со експериментите извршени во периодот од 1880 до 1887 година докажале дека брзината на светлината е константна. Во експериментите како подвижен референтен систем ја одбрале Земјата, која околу Сонцето се движи со брзина од 30km/s. Користејќи ја појавата на интерференција на светлината, тие покажале дека брзината на светлината во правец на движењето на Земјата е иста со брзината на светлината во спротивен правец (нормално на движењето на Земјата). Мерењата биле вршени во различни периоди од годината, заради што се менувал и правецот на векторот на брзината на Земјата, што значи дека движењето на Земјата не влијаело на брзината на простирањето на светлината. Брзината на светлината е универзална константа со вредност c=2,998·108m/s≈300.000km/s. Подоцна овој податок претставува основа на Ајнштајновата (специјална) теорија на релативноста.
Алберт Ајнштајн, во 1905 година ги поставува основните принципи на специјална теорија на релативност, увидувајќи ја неможноста да се применат Галилеевите трансформации (кои во себе ги содржат Њутновите погледи за постоење на апсолутно време и апсолутен простор) за брзини блиски до брзината на светлината:
- Во инерцијалните системи (системи кои мируваат или се движат рамномерно и праволиниски) сите закони на физиката се инваријатни (непроменливи).
- Во сите инерцијални системи брзината на светлината во вакуум е константна. Нејзината вредност не зависи од брзината со која се движат изворот или приемникот.
Специјалната теорија на релативност важи само за рамномерни праволиниски движења и при тоа, Галилеевите трансформации преминуваат во Лоренцови. Исто така ги поставува законот за собирање на брзините (применувајќи ги Лоренцовите трансформации), воведува релативистички изрази за маса, импулс и енергија итн. Ја објаснил и појавата на фотоелектричен ефект, воведувајќи ја хипотезата дека енергијата во светлинскиот сноп е концентрирана во “мали пакети“ наречени светлински кванти (фотони), а не по брановата површина како во класичната теорија и воведувајќи ја релацијата за фотоелектричен ефект.
Последици од Лоренцовите трансформации се контракција на должината и дилатација на времето.