Бошњаци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бошњаците (босански: Bošnjaci) се јужнословенски народ што живее главно во Босна и Херцеговина и регионот Санџак во Србија и Црна Гора. Има и Бошњачки заеднци во околните балкански земји, Европа и Америка. Нивната бројност е нешто повеќе од 2 милиони. Тие се главно потомци на словенското население на средновековна Босна кое било исламизирано за време на отоманското владеење. Нивната главна одлика е нивната муслиманска вероисповед, приврзаноста кон Босанскиот историски регион, заедничката култура, а зборуваат на босански јазик, кој е речиси идентичен на српско-хрватскиот јазик. Повеќето презимиња на Бошњаците завршуваат на -иќ. Босански јазик е официјален јазик во Босна и Херцеговина.