Географска распространетост на македонскиот народ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Географската распространетост на македонскиот народ денес е најмногу сконцентрирана во македонската етничка територија Македонија, во Европа на Балканот, во западниот дел на Европа, северниот дел на американскиот континент и на најмалиот континент во светот, Австралија. Севкупоноста на македонскиот народ денес е околу 3,5 и 4 милиони луѓе.
Содржина |
[уреди] Македонија
Види Македонија
Матична земја и територија на македонскиот народ е Македонија, каде што македонскиот народ е најсконцентриран. Матичната етничка територија на денешниот македонски народ, се совпаѓа со етничката територија на античките Македонци, кои се дел од етногенезата на денешниот македонски народ на кој му пренеле значаен дел од своите карактеристики, гени и обележја на денешниот македонски народ кој има главно словенски карактер. На територија од 67741,2 км² километри колку што зафаќа етничка Македонија живеат помеѓу 2,1 и 2,3 милиони Македонци од кои најголемиот дел во Република Македонија. Етничката и матична земја на Македонците, Македонија денес е поделена на неколку помали делови кои влегуваат во составот на 4 балкански држави. Етничката македонска територија е поделена на: Вардарска Македонија (над 99% во составот на Република Македонија, останотото во составот на Србија), Егејска Македонија (во составот на Грција), Пиринска Македонија (во составот на Бугарија), Мала Преспа и Голо Брдо (во составот на Албанија) и областа Гора (во составот на Албанија и Косово).
[уреди] Република Македонија
Република Македонија зафаќа 25713 км² или околу 38% од етничката територија Македонија. Според последниот попис на насленито во Република Македонија во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1 297 981 (64,18%), односно Македонците се мнозинство во државата. Меѓутоа, во некои кругови меѓу кои и во академските кругови (пр. академикот Блаже Ристовски и неколкумина други академици на МАНУ) постои резервираност спрема во оваа бројка, при што се истакнува податокот дека бројот на Македонци во пописните години 1991 и 1994 бил 1 328 187 односно 1 378 687 такашто нереално е нивниот број за само 8 години да опадне за околу 100 000 луѓе. Меѓутоа вистинскиот број на Македонци во Република Македонија е 1 401 897 (69,31%) - под овој број се сметаат сите Македонци по народност (националност) без разлика на нивната вероисповест. (овој број се добива ако се види бројката на попишаните Албанци и Турци кои за мајчин јазик се изјасниле дека им е македонскиот, во неколку општини населени претежно со Македонци муслимани).
На територијата на Република Македонија, Македонците се распространети по целата територија. Застапеноста се движи од 20% во северозападните, 55-60% во југозападните, 85-90% во средишните и 90-95% во североисточните и источните делови на државата.
[уреди] Егејска Македонија
Види Егејска Македонија
Егејска Македонија го опфаќа јужниот приморски дел на етничка Македонија и со околу 34356 км² опфаќа 51% од етничката македонска територија. Официјална бројка на Македонци во Егејска Македонија и Грција воопшто не е познта бидејќи грчката држава не признава македонски народ и македонско малцинство и на пописните листи не постои графа Македонец. Македонската организација Виножито (политичка партија на Македонците во Грција) вели дека во Егејска Македонија живеат околу 400000 Македонци, но големиот дел од нив се плашат да се изјаснат како Македонци, а голем дел од младото македонско население не зборува македонски јазик бидејќи во минатото тој бил строго забрануван од грчките власти.
Поради силните репресии и насилните иселувања на голем број Македонци од 1913 до 1922, и населување на грчки колонисти на нивно место етничкиот кракатер на егејскиот дел на Македонија е драстично изменет. Македонците од мнозинство (над 60%), денес се малцинство (со околу 19-20%) и се најмногу населени во западните и северозападните краишта и во близината на границата со Република Македонија. Македонците денес најмногу се населени во градовите Лерин, Воден, Костур и нивните околни села.
[уреди] Пиринска Македонија
Види Пиринска Македонија
Пиринска Македонија го опфаќа крајниот источен дел на етничка Македонија и со своите 6798 км² опфаќа околу 10% од македонската етничка територија. Според пописите од 1946 и 1955 година, спроведен во Бугарија, како Македонци се изјасниле 177035 - 70% (1946) односно 178862 - 63% (1955) од населението на Пиринска Македонија. Во целата област според овие пописи застапеноста на Македонците е најголема во јужните и југозападните делови Петрич 85-90%, Сандански 80-85% итн. За време на владеењето на Георги Димитров, Македонците уживале полни малцински права, а Пиринска Македонија најпрвин добила културна автономија која подоцна преку законска рамка дтребало да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се припои кон тогашната СР Македонија како кон матична држава, во рамките на Балканската федерација. По смртта на Георги Димитров, од режимот на Тодор Живков па се до денес кога Бугарија е членка на ЕУ врз Македонците се спроведува насилна националистичка и негаторска политика од бугарските власти.
Според неофицијални податоци во 1991 г 10.803 се изјасниле како Македонци, а во 2001 - 3.117 лица. Според водачите на ОМО Илинден - Пирин денес во Пиринска Македонија бројката на Македонци е 187000.
[уреди] Мала Преспа, Голо Брдо и Гора
Види Мала Преспа, Голо Брдо, Гора
Македонците во Албанија се најповеќе населени во три области Мала Преспа, Голо Брдо и Гора на околу 1115 км². Од сите три области само во областа Мала Преспа на Македонците им се признати малцинските права и таму во официјален јазик е македонскиот, а на македонски јазик е овозможено и основно образование до четврто одделение. Во Мала Преспа живеат околу 6000 жители сите Македонци. Според здружението на Македонците од Гора, Македонците во таа област претставуваат 82% од населението. Во Голо Брдо поголемиот број од Македонците се од муслиманска вероисповед, а последните години бугарските власти безуспешно пробуваат со методи на поткупување да прикажат дека таму живее бугарско малцинство. Здруженијата на Македонците од Албанија, тврдат дека во цела Албанија живеат нешто повеќе од 150000 Македонци.
[уреди] Европа
Први иселувања на Македонци од својата матична земја Македонија се забележуваат кон крајот на XVII век кога многу мажи оделе на печалба во околните балкански, а подоцна и во европските и прекуокеанските земји. Иселувањата од Македонија биле најчесто од економска и полтичка природа. Голема концентрација на Македонци денес имаме во источинот дел на покраината Војводина во Србија. Во општините Качарево, Јабука, Пландиште и градот Зрењанин Македонците сочинуваат голем дел од населението (во Качарево и над 40%). Во овие краишта Македонците се дојдени како колонизатори по Втората светска војна. Иселувањата на Македонци во западноеропските земји прв пат се забележуваат во педесетите години на XX век, а помасовни размери добиваат по осамостојувањето на Република Македонија. Големи македонски иселенички колонии има во Германија (околу 80000 Македонци), Италија, Шведска (највеќе во градовите Малме и Гетеборг) , Франција, Швајцарија, Велика Британија итн.
[уреди] Северна Америка
Првите доселувања на Македонци преку Атлантскиот океан во Северна Америка се забележуваат на почетокот на XX век, а земаат помасовни рамзери од крајот на ХХ век се до денес, со оглед на економската ситуација во Република Македонија. Ислеувањата на Македонците во Америка се најповеќе од економски причини. Поради големата бројка на македонско население, Македонците активно учествуваат и во политичкиот, културниот и економскиот живот на САД и Канада, а создадено е и македонско иселеничко лоби.
[уреди] САД
Македонците во САД најповеќе се сконцентрирани во северните и североисточните делови на државата и по брегот на Атлантскиот океан и нивната бројка се движи помеѓу 100000 и 150000 луѓе. Голем број на Македонци има во сојузните држави Њу Јорк, Мичиген, Њу Џерси, Флорида, Охајо, Вирџинија, а во последно време се зголемува и бројот на Македонци во западниот дел на САД, особено во Калифорнија. Македонците во САД активно учествуваат во политичкиот (починатиот конгресмен Стојан Христов), економскиот и културниот живот на државата.
[уреди] Канада
Македонците во Канада најмногу се населени во јужниот и југоисточниот дел на државата, а нивната бројност е околу 150000 луѓе. Најголем број на Македонци има во сојузните држави и градовите Торонто (најмногу иселени од Тетовскиот и Преспанскиот регион), Отава, Виндзор, Квебек, Онтарио и др. Македонците во Канада имаат свои македонски клубови и организации, а на последните парламентарни избори во државата имаше двајца кандидати за конгресмени Македонци.
[уреди] Австралија
Првите доселувања на Македонци во Австралија се забалежуваат на почетокот на ХХ век и во седумдесетите и осумдесетите години на истиот век. Македонците во Aвстралија се најсконцентирирани во југозападните и источните делови на државата во сојузните држави Викторија, Нов Јужен Велс и Источна Австралија и во градовите Сиднеј, Перт, Мелбурн, Волонгонг, Аделаид итн. Поголемиот дел на Македонците во Австралија се по потекло од Битолско и Прилепско и Егејска Македонија. Поради својата голема бројност (над 200000) во Сиднеј работи и паралелка на македонски јазик во една сиднејска гимназија, а Македонците во Австралија имаат и свои радио и тв емисии. Познати се масовните протести на Македонците во Австралија за поддршка за независноста на Република Македонија на почетокот на деведесетите години на ХХ век.