Далај-лама
Од Википедија, слободна енциклопедија
Далај-ламата е врховен поглавар на тибетските будисти, што го сметаат за бог на земјата, а не само божји намесник. Оваа традиција потекнува од 1391. Ламаистите веруваат дека далај-ламата е бесмртен, дека му старее само телото и, кога тоа ќе умре, неговиот дух поминува во некое момче што е однапред определено за наследник на покојниот лама; додека да порасне тоа дете, врховната власт ја врши панчен-лама или таши-лама.