Будизам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Будизмот е религија и филозофското учење основано од страна на Индијецот Сидхартха Готама Буда околу 500 п.н.е. Главната филозофија се состои од две точки:
- страдање и
- спас;
т.е., животот е страдање, причина за страдањето се страстите (т.е., жедта за живот), ослободувањето од тие страсти значи ослободување од страдањето, патот кон ослободувањето води кон нирвана (состојба на блажен мир) - без страсти и страдање.
Будизмот е четврта најголема религија по Христијанството, Исламот и Хиндуизмот. Таа е застапена во следниве држави:
- Шри Ланка 69%
- Мјанмар 89%
- Тајланд 95%
- Лаос 60%
- Камбоџа 95%
- Малезија 33%
- Виетнам 9%
- Кина нема статистика
- Јужна Кореја 26%
- Северна Кореја нема статистика
- Јапонија 84%
- Сингапур 43%
- Русија нема статистика
- Монголија 50%
- Непал 11%