Дводомни писатели
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во минатото не постоел македонски литературен јазик. Тоа е една од причините поради која многу Македонци пишувале на други јазици. Друг мотив за пишување на други јазици е поделбата на Македнонија и присоединувањето на нејзините делови кон Србија, Бугарија и Грција што придонесло меѓу македонската интелегенција да се шират разни влијанија. По забраните на македонскиот јазик, школувањето ќе се одвива на бугарски, грчки и српски јазик.
Многумина писатели одделени од средината во која се зборувало на македонски јазик едноставно можеле да го употребат јазикот на кој се школувале и кој бил присутен околу нив. Други живееле во заблуда дека на македонски говори не може да се создаде посериозна литература. Трети пак го имале предвид фактот дека своите дела на македонски јазик не можеле да ги објават.
Таквите писатели се нарекуваат дводомни писатели.
На бугарски јазик пишувале Никола Јонков Вапцаров, Антон Попов, Теодор Трајанов.
На српски јазик пишувале Коста Абраш, Анѓелко Крстиќ, Тома Смилјаниќ-Брадина.
Името на Стојан Христов е значајно зашто пишувал на англиски јазик, опишувајќи го својот печалбарски живот во романот Мојот американски аџилак.
Ганчо Хаџипанзов пишувал на француски јазик без посебни огласи во француската литература.