Д’мбени
Од Википедија, слободна енциклопедија
Села во Егејска Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Д’мбени |
Општина: | Општина Кастраки |
Околија: | Околија Костур |
Население: | 349 (2001) |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 1077м |
Географска широчина: | 40°34'60 |
Географска должина: | 21°8'60 |
Веб страница: | http://www.dambeni.com/ |
Д’мбени (на грчки: Δενδροχώρι (Δενδροχώριον), Дендрохори) е село во Егејска Македонија, денес Република Грција, во Општина Кастраки(Κοινότητα Καστρακίου), Околија Костур(Νομός Καστοριάς).
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото се наоѓа 10км северно од градот Костур и 6км источно од центарот на општина Кастраки, селото Косинец (Ιεροπηγή, Јеропиги).
[уреди] Историja
Селото Д'мбени има голема историска традиција, особено било големо учеството на жители од Д'мбени во Илинденското востание, а подоцна и во редовите на НОФ (ДАГ) за време на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција.
До 1926 година официјалното име на селото било Д’мбени(Δύμπενι or Ντέμπενι).
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
1900 година Васил К’нчов набројува 1650 жители Македонци (кај него „бугари“).[1] 1913 година селото броело 1207 жители, а во 1920 - 944.Според пописот од 1928 година имало 866 жители, а оној од 1940 покажува 794 жители.Во 1945 година во него живееле 780 Македонци.1948 година е наполно уништено и сите негови жители се иселуваат.Подоцна во него се заселени Власи од Епир.
[уреди] Општествени институции
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
- Лазар Москов (1877 - 1902)
- Лазар Поп-Трајков (1876 - 1903)
- Лазо Трповски (1901 - 1943)
- Васко Караџа
- Васил Пујовски
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
До Втората Светска војна иселеништвото било главно во правец на Бугарија (околу 50 фамилии) и Америка. По уништувањето на селото за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949) сите негови жители пребегале во тогашна НР Македонија (Југославија) и другите социјалистички држави од источниот блок (претежно СССР, Полска и Чешка).