Еритроцит
Од Википедија, слободна енциклопедија
Еритроцитите се црвените крвни клетки. Тие се едни од формативните елементи на крвта, покрај леукоцитите и тромбоцитите. Еритроцитите имаат форма двојно вдлабнат диск, со должина од 7- 8 микрони и ширина 2 микрони. Кај човекот тие не содржат јадро и затоа имаат кус животен век (од 80 до 120 дена). Внатрешноста на еритроцитите е исполнета со т.н. крвен пигмент хемоглобин преку кој се пренесува кислород од белите дробови до сите делови на телото. По пат еритроцитите ги собираат отпадните материи и ги носат во белите дробови, од каде тие се издишуваат во форма на јаглендиоксид. Бројот на еритроцитите варира во зависност од полот.
Ако нема доволно црвени крвни зрнца, тогаш човек може да се чувствува исцрпен и слаб. Тој може да биде блед и лесно да се замара затоа што телото не го добива сиот кислород што му е потребен. Недостатокот на еритроцити се вика анемија (слабокрвност).