Кофи Анан
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кофи Анан е седмиот Генерален Секретар на Обединетите Нации. Тој е и првиот Генерален Секретар кој е избран од редот на вработените во Обединетите Нации. Неговиот прв мандат започнал на 1 јануари 1997. На 29 јуни 2001, по препорака на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, со акламација му е доделен и втор мандат кој ќе заврши на 31 декември 2006.
Кофи Анан е роден во Кумаси, Гана на 8 април 1938. Завршил на Универзитетот за Наука и Технологија во Кумаси и има дипломирано економија на универзитетот Macalester во Св.Павле во Минесота - САД. Докторските студии ги завршил на Институтот за Технологија во Масачусетс - САД.
Кофи Анан работи во Обединетите Нации од 1962 како административен службеник за буџет на Светската Здравствена Организација во Женева. Од тогаш работи во неколку тела на Обединетите нации како на пример: УНХЦР, Економската Комисија за Африка итн.
Кофи Анан течно говори Англиски и Француски јазик, а оженет е со Швеѓанката Нане Анан - адвокатка.