Обединети Нации
Од Википедија, слободна енциклопедија
Официјални јазици | Англиски, Француски, Шпански, Руски, Кинески, Арапски |
Генерален секретар | Кофи Анан (од 1997 година) |
Основана | како воен сојуз: 1 јануари, 1942 како меѓународна организација: 24 октомври, 1945 |
Земји членки | 191 |
Седиште | New York City, USA |
Официјален веб-сајт | http://www.un.org/ |
Официјално име на другите официјални јазици:
|
|
Обединетите Нации (ОН) се меѓународна организација основана на 20 јуни 1945 во Сан Франциско. Сепак како ден на нејзиното основанје се слави на 24 октомври секоја година."Obedinetite nacii proizleguvaat od prethodnata "Drustvo na narodite" osnovana vo 1919 god. Седиштето на ОН се наоѓа во Њујорк, САД. Во неа моментално членуваат 192 држава.
Со исклучок на Ватикан (која е единствена држава постојан набљудувач), сите меѓународно признати и независни држави се членки. Други политички ентитети, имено Република Кина (Тајван), Демократска Република на Арапска Сахара (Западна Сахара) и Палестина, имаат de facto независност и/или одредено меѓународно дипломатско признание од одредени држави, но не се членки на ОН.
Членството на Обединети нации е отворено за сите мирољубиви држави кои ги прифаќаат обврските на Повелбата на Обединетите Нации и, според оценката на организацијата, се способни и имаат желба да ги исполнат тие обврски. Генералното Собрание го одредува приемот по препорака на Советот на Безбедност.
Името „Обединети нации“ го дал Френклин Рузвелт за време на Втората светска војна како групна референца за сојузничките сили. Првата формална употреба се наоѓа во Декларацијата на Обединетите нации од 1942 година која ги обврзала сојузниците кон принципите на Атлантскиот пакт и ги обврза да не бараат посебни мировни преговори со Силите на Оската. Името било пренесено на новата организација која била воспоставена од победниците на војната во рамки на одредбите на Атланскиот пакт и други договори.
Обединетите Нации се задолжени за:
- Превземање колективни мерки за зајакнување на меѓународниот мир.
- Потикнување на меѓународната соработка за решавање на меѓународни проблеми од областа на економијата, социјалата и културата.
- Охрабување за почитување на човековите права и слободи, еднакво важни за сите луѓе без разлика на расата, полот и религијата.
Република Македонија е примена за членка на ОН на 8 април 1993 година.
[уреди] Органи на Обединетите нации
Системот на Обединетите нации има шест основни органи кои го сочинуваат она што се подразбира како „системот на Обединети нации“:
- Генералното собрание
- Советот на безбедност
- Економски и социјален совет
- Старателски совет
- Секретаријат на Обединетите нации
- Меѓународен суд на правдата