Ланец на исхрана
Од Википедија, слободна енциклопедија
Синџирите (ланците) на исхрана во еден екосистем укажуваат на тоа на кое хиерархиско ниво се наоѓа еден организам во исхраната на останатите организми.
[уреди] Хиерархија во синџирот на исхрана
Положбата на еден организам во синџирот на исхрана се нарекува хиерархиско ниво. Оваа положба зависи од тоа дали тој организам спаѓа во царството на монерите, габите, протистите, растенијата или животните.
Зелените растенија секогаш го завземаат првото хиерархиско ниво бидејќи тие се производители на храната која ја троши целиот синџир. Второто хиерархиско ниво е резервирано за организмите кои се хранат со растенија - тревојади (хербивори), додека натамошните нивоа припаѓаат на организмите кои се хранат со месо - месојади (карнивори)
[уреди] Пренесување на енергијата во синџирот на исхрана
Енергијата постојано протекува низ синџирот на исхрана, но секој потрошувач ја користи речиси сета енергија која ќе ја прими во себе со храната. Кога едно тревојадно животно ќе изеде едно растение, тоа ја зело во себе енергијата која растението пак ја земало од Сонцето. Мал дел од таа енергија животното потрошило при респирацијата, додека друг дел, преку храната, оди во желудникот . Истото се случува и кога некој месојад ќе изеде тревојадно или друго месојадно животно. Ова се одвива се до крајот на синџирот на исхрана.
Губењето на енергијата низ нивоата го означува и крајот на еден синџир на исхрана. Така, ретко кога во четвртото или петтото ниво има енергија за ново, следно ниво. Тоа е причина за создавање на биолошките пирамиди.